„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
2„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот
МакедонијаЃорѓиевски: Град Скопје и Националниот демократски институт денеска потпишаа Меморандум за соработкаГрад Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“.Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет“, со што се продлабочува институционалната соработка насочена кон унапредување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. Меморандумот беше потпишан од Градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот Хејзлет, а предвидува реализација на конкретни активности за навремено препознавање, намалување и спречување на ризиците од корупција во градската администрација. Со оваа соработка, Град Скопје ќе добие експертска и техничка поддршка за развој и унапредување на внатрешните процедури и механизми за превенција од корупција, како и поддршка за јакнење на капацитетите на администрацијата преку специјализирани програми за обука. Од Град Скопје посочуваат дека целта е создавање поефикасна, потранспарентна и поодговорна администрација, која навремено ќе ги препознава, спречува и пријавува коруптивните практики, во интерес на граѓаните. Во рамки на меморандумот, предвидени се и активности за унапредување на транспарентноста преку објавување јавни информации и податоци, како и процеси за дигитализација на услугите, со што ќе се зголеми ефикасноста и достапноста на услугите за граѓаните, а истовремено ќе се намалат можностите за коруптивни ризици. Соработката опфаќа и координација со другите општини, надлежните институции, граѓанскиот сектор и медиумите, со цел воспоставување посилен систем на интегритет и одговорност на локално и национално ниво. Од Град Скопје упатија благодарност до НДИ, како и до Швајцарската конфедерација и Шведска за поддршката на проектот, истакнувајќи дека остануваат посветени на градење чесна, отчетна и модерна локална самоуправа, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СветЈеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното мореЈеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот. Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен. Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КошаркаЕвропска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“. Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup. Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации. Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром. Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот. Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.Тагови: МЗТ Скопје Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајотКампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот. Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот. Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook