Ѓорчев: Беспредметно е Бугарија да го спори македонскиот јазик, тоа е прашање за кое нема дискусија - Канал 5

Ѓорчев: Беспредметно е Бугарија да го спори македонскиот јазик, тоа е прашање за кое нема дискусија

Беспредметно е Бугарија да го спори македонскиот јазик и идентитет, тоа се прашања за кои нема дискусија, вели поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. 

Ѓорчев: Беспредметно е Бугарија да го спори македонскиот јазик, тоа е прашање за кое нема дискусија

По последните провокации од бугарското МНР од каде македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинставата го наведоа како „достапен“ јазик на македонските граѓани и институции Ѓорчев смета дека двете земји наместо за идентитетски прашања треба да се фокусираат на меѓусебна соработка и поврзување. Без разлика на позицијата на Софија, вели Ѓорчев, Акцискиот план на Македонија е пример во Европа како треба да се решаваат прашањата за малцинствата.

-Она што Бугарија сега го проблематизира не е ништо ново, едноставно тоа се некои апстракни гледања на работите, ние само треба да кажеме ние во делот на малцинствата имаме многу високи стандарди усвоени уште во 2001 година, ги надградуваме секоја година и во тој дел нашиот Акциски план е урнек како треба секоја европска земја да ги решава прашањата со малцинствата. Проблемот со јазикот едноставно не значи дека ако Бугарите имаат ставено фуснота во Брисел дека тоа е јазик којшто е дијалект на бугарскиот јазик, тоа нема никакво значење, тој јазик си постои, дали тие го сметаат за „достапен“ на граѓаните или не знам како го сметаат, македонскиот јазик си е македонски јазик, признат, се изучува во цел свет, вели Ѓорчев.

Со вжештените празнични прозивки меѓу Скопје и Софија и нивните обвинувања за отстапувања од македонска страна од постигнатиот консензус во 2022-та, се помали се шансите дека во новата година е можно некакво придвижување во разговорите меѓу двете страни, а Македонија според Ѓорчев треба да цели кон надградување на Договорот за пријателство, овојпат, како што вели, во корист на земјава.

-Бугарија многу децидно го кажува своето – потпишавте во 2017-та Договор за пријателство и два протоколи сега исполнувајте. Ние во тој дел нема што тука да бараме од Бугарија, сме потпишале, треба да си ја бараме вината кај нас. Од таа страна треба да им предложиме на Бугарите во член 13, став 2 по дипломатски пат да најдеме решение да го надградиме договорот затоа што тој е несреќно потпишан на штета на Македонија и ние не можеме да мрднеме ниту чекор напред се додека тој договор не го надградиме во насока на позитивен дух, смета Ѓорчев.

Реакцијата од официјална Софија следуваше по изјавата на премиерот Мицкоски дека Акцискиот план за малцинства не бил прифатлив за Бугарија затоа што бил испратен на македонски јазик. Од македонското МНР експресно возвратија дека наместо недолични коментари очекуваат од официјална Софија европско однесување и целосна почит и признавање на македонскиот јазик .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари.

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари, а доколку парламентарните избори се одржат во октомври, претседателските избори би можеле да се одржат до крајот на декември, објави Телеграф.

„Ако парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш тие ќе се одржат во јануари. Ако парламентарните избори се одржат во октомври, можно е да се одржат кон крајот на декември или почетокот на јануари. Ако се одржат во ноември, тогаш дефинитивно ќе се одржат во јануари, или можеби најдоцна на почетокот на февруари.“

Кога го прашаа дали го видел истражувањето на Crte за резултатите од изборите, тој одговори дека на почетокот не верувал, но кога подоцна видел колку пари добиваат од разни земји, тогаш, како што вели, тие сигурно знаат подобро.

„Верувам во тие студии „Крте“. На почетокот не им верував, бидејќи имам некои свои, но кога видов колку пари добиваат од скандинавските земји, разни европски земји, од Европската Унија, тие сигурно го прават тоа подобро и знаат подобро од нас. Значи, ние сме на работ на пораз, тие се на работ на победа, и тоа е во ред. Ќе се бориме до последен момент, а кога ќе изгубиме, ќе продолжиме да се бориме“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе ги признае резултатите од изборите, без оглед на исходот.

Тој рече дека верува оти луѓето ќе ја изберат својата иднина на изборите.

Тој истакна дека денес околу 18 часот оди во Баново Поље за да се види со Богатиќ.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Србија за досегашната поддршка на политиката на одговорност и сериозност. Веднаш ќе ги признаеме и ќе ги честитаме резултатите од изборите, какви и да се тие. Но, ние ќе ги зачуваме нашите идеи, нашата програма и план, ќе ги заштитиме и ќе се бориме за нив. И тоа е планот Србија брзо да се движи напред, Србија да се развива, пензиите и платите да растат, ние да ги зачуваме семејствата како столб на нашето општество, ние да ја зачуваме нашата земја, за да можеме сами да ја заштитиме и одбраниме“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица, од каде беше испратена јасна политичка порака, Македонија повеќе нема време за политики на изговори, поделби и лични интереси.

Во своето обраќање, претседателот на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека присуството на караванот во Струмица е потврда дека граѓаните бараат нов начин на политичко дејствување, политика која слуша, работи и одговара пред народот.

„Додека народот се бори за секој денар, додека земјоделецот се бори за својот труд и својот производ, некои политичари се натпреваруваат кој ќе покаже поскапа јахта, полуксузен одмор и поголема привилегија. Тоа не е политиката што ја заслужува Македонија. Политиката не е создадена за некој да живее подобро од народот, туку за да работи за народот.“ Димитриевски порача дека Македонија мора да стави крај на времето во кое политиката била користена како алатка за личен интерес и задржување на привилегии.

„Во политиката има луѓе кои влегле за да служат на народот, но има и такви кои политиката ја претвориле во лична корист и привилегија. Секој со својот крст. Граѓаните на Струмица многу добро знаат кој останал верен на идеите со кои започнал, а кој ги заменил принципите за удобност, функции и позиции. На крајот, не судат политичките центри на моќ, туку граѓаните, тие најдобро препознаваат кој се борел за нив, а кој за себе.“

Тој нагласи дека Движење ЗНАМ е создадено како одговор на политиките кои со години создаваа разочарување кај граѓаните и дека денес покажува дека може поинаку, без клиентелизам, без политички договори зад затворени врати и без ставање на партиските интереси пред државните.

„ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици. Создадено е затоа што Македонија заслужува политика во која зборот има тежина, а резултатите се единственото мерило. Ние не бараме доверба заради функции, бараме доверба заради работата што ја правиме.“

Во рамките на панел-дискусијата, министерот за јавна администрација Горан Минчев говореше за реформите насочени кон создавање професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација.Тој истакна дека институциите мора да бидат вистински сервис на граѓаните, а не алатка за партиски влијанија. Воспоставувањето на мерит-системот, професионализацијата на администрацијата и воведувањето современи стандарди во работењето се клучни чекори кон создавање држава која ќе биде поблиска, побрза и поефикасна за секој граѓанин.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски посочи дека Струмичкиот регион е доказ за потенцијалот што го има Македонија, но и пример дека земјоделците заслужуваат државна поддршка и сигурни политики. Тој нагласи дека земјоделството мора да биде стратешки приоритет, со политики за сигурен пласман, фер услови, модернизација на производството и партнерски однос меѓу државата и земјоделците.

Движењето ЗНАМ продолжува да ја гради својата политика врз директен разговор со граѓаните, чесно преземање одговорност и конкретни резултати, спротивно на политичките практики во кои граѓаните со години беа сведоци на празни ветувања, поделби и систем во кој малкумина имаа привилегии, а мнозинството ги носеше последиците.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шта прави Меси неколку дена по поразот во финалето на Светското прванство? (ВИДЕО)

Лионел Меси го имаше своето прво јавно појавување по поразот на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година. 

Шта прави Меси неколку дена по поразот во финалето на Светското прванство? (ВИДЕО)

Вчера навечер, тој го следеше натпреварот на клубот Леонес ФК, кој го води неговото семејство, во градот Аројо Секо во близина на неговиот роден Росарио, пишува Goal.com.

Аргентинската радио станица Кадена 3 Росарио објави видео на кое се гледа Меси на балконот на стадионот. Носејќи црна дуксерка со качулка, тој се насмевна и им мавташе на навивачите кои го скандираа неговото име. На официјалниот профил на станицата на платформата X беше објавено: „Меси го посети Аројо Секо и испрати посебен поздрав до Кадена 3. Лионел Меси беше во Аројо Секо за да ги гледа Леонезите“.

Поддршка за семејниот клуб

Ова е првото појавување на Меси пред медиумите од завршувањето на Светското првенство во Северна Америка. Тој се врати во Росарио со своето семејство на 21 јули и се повлече од очите на јавноста за да се одмори откако загуби во финалето.

Клубот Леонес ФК е основан од семејството на Меси, а претседател е неговиот брат Матијас Меси. Клубот се натпреварува во четвртата аргентинска лига (Примера Ц), а домашните натпревари ги игра на стадионот „Антонио ди Џакомо“ во Аројо Секо.

Аргентинските медиуми ја протолкуваа неговата посета како јасен знак за поддршка на фудбалскиот проект што го води неговото семејство. Меси наскоро ќе му се придружи на Интер Мајами, кој е во средината на сезоната. Сè уште не е познато дали ќе се збогува со националниот тим, иако повеќето аргентински медиуми шпекулираат дека ќе го стори тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер