Ѓорческа избори финале во двојки - Канал 5

Ѓорческа избори финале во двојки

Две победи оствари најдобрата македонска тенисерка на денешните мечеви на фјучрсот во Хрватска и успеа да се пласира во финалето на двојки, како и во полуфиналето во поединечна конкуренција на фјучрсот во Хрватска, што се игра во Бол. Откако претпладнево во четвртфиналето ја совлата Џулиета Лара Естабле (Аргентина) со 2:0 во сетови, попладнево во двојки со Кристина Шаковец ги победија Маријана Дражиќ (Хрватска) и Тереза Клајнштебер (Германија).

Ѓорческа избори финале во двојки

Во двата сета во полуфиналето во двојки Ѓорческа и Шаковец беа подобри со 6:3 во гемови. Утре во финалето ќе играат против победничките во второто полуфинале. Ѓорческа на третиот фјучрс по ред во Хрватска, вторпат ќе игра во финале на двојки, а на првиот турнир заедно со Тена Лукас од Хрватска и беа победнички.

Токму хрватската тенисерка Лукас ќе и биде противничка во утрешното полуфинале во поединечна конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

„Безбеден град“ евидентирал над 33.000 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки до крајот на мај, информриаат од МВР.

Странците направиле над 33.000 прекршоци: Додека не почне „Сејф сити“, ќе ги казнуваат „пресретнувачи“

Тие досега не ги плаќаа казните, но министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека тоа ќе се промени.

- Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила “, кажа Тошковски и најави дека казните на странците ќе им бидат врачувани на граничните премини при излез од земјава.

Додека не заврши надградбата на системот, возачите кои возат брзо по македонските автопати со возила со странски сообраќајни таблички, ќе бидат казнувани само од полициските службеници „пресретнувачи“ кои според МВР се во континуитет присутни на коридорите 8 и 10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надзорна расправа за спроведуавњето на Законот за македонски јазик

 Љутков повика прашањето да не биде предвемет на дневнополтиичи пресемтки, а критики доби од ексминстерката Костадиновска Стојчевска.  

Надзорна расправа за спроведуавњето на Законот за македонски јазик

По иницијатива на опозицијата, денеска во собранието започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Минстерот за култура Љутков повика прашањето да не биде предвемет на дневнополтиичи пресемтки, а критики доби од неговата претходничка од СДСМ, ексминстерката Костадиновска Стојчевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер