Ѓорческа ги почнува квалификациите на Австралија опен - Канал 5

Ѓорческа ги почнува квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по полноќ по македонско време (околу пладне по австралиско време) ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на Австралија опен во Мелбурн.

Ѓорческа ги почнува квалификациите на Австралија опен

Противничка на Ѓорческа е полската тенисерка Катарзина Кава. Мечот ќе се игра на теренот број 13 и е предвиден како втор од програмата.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Ѓорческа и Кава. Ѓорческа 2017 година беше на чекор од пласман на главниот турнир, откако загуби во третото коло од квалификациите, додека полската тенисерка досега имала три настапи во квалификациите на Австралија опен и три порази во првото коло.

Се очекува и Македонци кои живеат во Мелбурн, да го следат мечот и да и дадат поддршка на македонската тенисерка.

Првиот меч на овој терен треба да почне во 10 часот по локално време или на полноќ по македонско време.

На првиот ден од квалификациите – понеделник поради дожд не се одигра ниту еден меч. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје се одржува 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа

Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави присутните на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), која се одржува во Скопје под претседателството на Израел.

Во Скопје се одржува 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа

Во своето обраќање, министерот посочи дека Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните.

„Здравствената мрежа прерасна во силна меѓувладина организација која денес обединува девет земји членки и претставува значајна платформа за размена на искуства, градење капацитети и унапредување на здравствените политики. Во фокусот на пленарната седница се теми од особено значење за иднината на здравствените системи, меѓу кои развојот на дигиталните здравствени иновациски екосистеми, унапредувањето на напредните улоги и лидерството во сестринството, како и подготвеноста и отпорноста на здравствените системи при кризни и вонредни состојби, истакна министерот Алиу.

Тој потенцираше дека државата останува силно посветена на дигиталната трансформација на здравството, зајакнувањето на улогата на медицинските сестри и унапредувањето на националните капацитети за подготвеност и одговор на здравствени закани и итни ситуации.

Воедно, тој најави дека на негова иницијатива, во септември годинава, под покровителство на Светската банка ќе се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат министрите за здравство од земјите од регионот, со цел дополнително продлабочување на соработката и размена на добри практики.

Учесниците на 49. пленарна седница ќе дискутираат за заедничките предизвици и можности за развој на поотпорни, поефикасни и поинклузивни здравствени системи во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. 

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје.

Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за потребите на Зоолошката градина. Децата со љубопитност го следеа часот, учејќи за важноста на грижата кон животните и природата.

Но, покрај незаборавното искуство и стекнатите знаења, оваа соработка донесе и конкретна, практична поддршка за секојдневието на децата. Преку својата CSR платформа „Повеќе од финансии - поддршка за заедницата“, Flex Credit обезбеди дополнителни парични средства наменети за СОС Детско село. Оваа донација е наменета за купување и замена на нова бела техника и мали кујнски апарати за куќите во кои се згрижени децата, со цел да им се обезбедат уште подобри, помодерни и покомфорни услови за живот.

„За нас, грижата за заедницата секогаш има две димензии – емотивна и практична. Преку денешниот едукативен час во Скопје ЗОО сакавме да им подариме на децата убави спомени и знаења со кои ќе го започнат летниот распуст. Но, истовремено, свесни сме дека вистинскиот дом значи сигурност и функционалност. Токму затоа, со обезбедувањето средства за нова бела техника во куќите на СОС Детско село, сакавме директно да го олесниме и разубавиме нивното секојдневие. Секоја инвестиција во овие деца е инвестиција во посреќна иднина,“ изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit.

Оваа активност уште еднаш покажа дека партнерството помеѓу Flex Credit и СОС Детско село одамна ги надмина рамките на корпоративна соработка – тоа е жива приказна која континуирано создава реална вредност и придонесува таму каде што е најпотребно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Париз подготвен за топлото време, на граѓаните им е дозволено „ладење“ во каналот Сен Мартин

Поради претстојниот топлотен бран во Париз, градските власти од денес одобрија пливање и ладење во каналот Сен Мартин.

Париз подготвен за топлото време, на граѓаните им е дозволено „ладење“ во каналот Сен Мартин

„Пливање под надзор ќе биде дозволено на одреден дел од каналот од 100 метри. Каналот ќе биде вистински извор на олеснување од жештината“, објави градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, на прес-конференција , пренесува Фигаро.

Грегоар рече дека изгледа „малку апсурдно“ да се троши огромна количина енергија, распоредувајќи ја париската и националната полиција за да ги спречат младите да пливаат во каналот кога температурата се искачи на 40 степени Целзиусови кон средината на мај. „Затоа напорно работевме последниот месец за да го промениме пристапот и да одлучиме да дозволиме пливање под одредени услови, наместо да го забраниме“, рече Грегоар.

„Што значи, пливањето под надзор ќе биде дозволено во одредена зона од 100 метри и ова ќе биде на сила за време на траењето на топлотниот бран. Ќе ја држиме оваа опција постојано достапна, за да можат Парижаните, млади и стари, да дојдат и да пливаат бесплатно во надгледуваниот дел од каналот Сен Мартин“, рече градоначалникот на Париз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер