Ѓоковиќ за Алкараз: Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден - Канал 5

Ѓоковиќ за Алкараз: Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден

Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден, тенисот е во добри раце.

Ѓоковиќ за Алкараз: Тој ги има вистинските вредности, скромен е и вреден

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го пофали Карлос Алкараз по поразот во Ријад во ревијален натпревар.

- Импресивно е тоа што го постигна на толку млада возраст. Ги има вистинските вредности, скромен е и вреден. Неверојатно е што тенисот го има Алкараз. Тој ќе биде еден од лидерите на турнејата во следните 10-15 години. Тенисот е во добри раце, изјави Ѓоковиќ.

Србинот зборуваше и за враќањето на Рафаел Надал на турнејата.

- Се надевам дека јас и Карлос ќе имаме одлични натпревари против Рафа Надал следната година. Тоа би било одлично за нашиот спорт, истакна најдобриот тенисер на светот.

Ѓоковиќ вчеравечер загуби од Шпанецот Алкараз во ревијален меч со 6:4, 4:6 и 4:6.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ .

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција.

Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, Бране Георгиев, претставници на партнерските организации и институции вклучени во реализацијата на проектот.

Проектот е со вкупна вредност од 1.382.043 евра и се реализира во период од 24 месеци. Вредноста на активностите што ги спроведуваат македонските партнери изнесува 451.603 евра, додека Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во износ од 90.321 евра.

Во рамки на проектот ќе се реализираат активности за заштита и ревитализација на локалитетот Римски терми – Банско, изградба на потпорни ѕидови, поставување туристички инфо-пункт со поставување фотоволтаичен систем, уредување на пристапните патеки за посетители и современа кровна конструкција за заштита на археолошките остатоци.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека проектот претставува уште еден успешен пример за тоа како европските фондови можат да придонесат за локален развој, подобрување на туристичката понуда и валоризација на културното наследство.

„Прекуграничната соработка не значи само финансиска поддршка. Таа создава можности за нови инвестиции, размена на искуства и реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во поширок контекст, проектот е дел од првиот повик на Програмата Интерег VI-А ИПА со Грција, во чии рамки беа одобрени вкупно 19 проекти со буџет од над 18 милиони евра. Во нив учествуваат 36 корисници од нашата држава, со вкупна вредност на проектите од 8,6 милиони евра. Овие бројки покажуваат дека институциите и организациите од земјава успешно ги користат можностите што ги нудат европските програми за реализација на проекти од локално и регионално значење“, изјави Перински.

Тој посочи дека Струмица е една од општините во кои во континуитет последнава година се реализираат значајни проекти со поддршка од домашни и европски извори на финансирање.

„Ме радува што во изминатиот период почесто сум во Струмица поради реализација на различни развојни и инфраструктурни проекти. Искрено посакувам тоа да продолжи и во иднина, бидејќи секоја нова посета значи нова инвестиција, нов проект и нова придобивка за граѓаните. Покрај поддршката преку европските програми, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти Општина Струмица доби поддршка за 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари“, нагласи Перински.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков истакна дека со проектот започнува нова фаза во заштитата и туристичката валоризација на еден од најзначајните археолошки локалитети во државата.

„Подготвени се сите потребни документи и дозволи, завршени се јавните набавки и започнува реализацијата на градежните активности. Проектот се реализира во партнерство со институции и организации од Северна Македонија и Грција, што е уште еден пример за значењето на прекуграничната соработка. Нашата цел е културното наследство да биде зачувано, но и ставено во функција на развојот – преку културниот туризам, нови можности за локалната заедница и поголема афирмација на богатото наследство на нашата држава“, изјави Љутков.

Проектот „CulTour Crossing Borders“ ги поврзува локалитетите Антички Европос во Килкис, Дојранското Езеро и Римските терми во Банско во заедничка прекугранична културно-туристичка рута, која ќе биде поддржана со дигитални содржини, промотивни активности и современи решенија за презентација на културното наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром.

Претседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации.

Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска интеграција. Во разговорот беше истакната важноста од задржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, како клучен инструмент за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Амбасадорот Солстром ги поздрави одличните односи меѓу двете држави и посебен акцент стави на работата на Собранието и на реформските процеси кои се спроведуваат во насока на зајакнување на демократските институции и напредокот кон Европската Унија. Тој уште еднаш ја потврди силната и континуирана поддршка на Шведска за европската интеграција на Македонија, истакнувајќи дека Македонија несомнено припаѓа на европското семејство.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка меѓу двете пријателски држави треба и понатаму да се продлабочува, со посебен фокус на унапредување на економската соработка, инвестициите и меѓупарламентарните врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотланѓаните го испија целото пиво, пресушија пабовите низ Бостон!

Пристигнувањето на илјадници навивачи на Шкотска на Светското првенство предизвика неочекуван проблем во Бостон - недостиг на пиво низ целиот град.

Шкотланѓаните го испија целото пиво, пресушија пабовите низ Бостон!

Бостонските пабови пресушија - Шкотланѓаните го испија целото пиво!

За време на групната фаза од Светското првенство, Шкотска игра два натпревари во Бостон, а голем број навивачи на популарната „Тартанска армија“ отпатуваа во САД за да го поддржат својот тим. Сепак, нивната жед им нанесе сериозен притисок на локалните пабови и дистрибутерите на алкохол.

@nbcnews

Rep. Barry Moore won the Republican primary runoff in the Alabama Senate race, NBC News projects, making him the heavy favorite in the general election to succeed Sen. Tommy Tuberville this fall.

♬ original sound - nbcnews

Сопствениците на ресторани открија за NBC News дека биле принудени да прават итни и непланирани набавки, но наскоро се соочиле со нов проблем - дури и добавувачите немале доволно залихи за да ја задоволат огромната побарувачка.

Шкотските навивачи особено го бараат своето омилено пиво, Tennent's Lager, па затоа некои пабови однапред нарачале поголеми количини.

Сепак, дури ни тоа не беше доволно за да се задоволи побарувачката, поради што многу барови останаа без залихи, а истото се случи и со дистрибутерите.

Шкотска го одигра првиот натпревар од турнирот во Бостон и го победи Хаити со резултат од 1:0. По средбата со Бразил во Мајами, шкотскиот тим се враќа во Бостон, каде што ќе ја заврши групната фаза со натпревар против Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер