Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен - Канал 5

Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот  Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.

Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен

Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

​Македонија денес е едно големо градилиште. 

ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен инвестициски циклус во општините, со кој се надминуваат деценискиот недостаток на инвестиции и запоставеноста на локалната инфраструктура.

Низ општините во целата држава во моментот се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата. Тоа се конкретни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните со нови и реконструирани патишта, водоводи и канализации, подобра животна средина, модерни училишта, спортски терени, културни објекти и подобри јавни услуги.

Преку два јавни повици, Владата на општините им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои денес се преточуваат во конкретни капитални инвестиции со кои се развива локалната инфраструктура, но истовремено се поттикнува и домашната економија.

Само преку ресорот транспорт и врски се реализираат 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари. Од нив, 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација.

Во областа на животната средина се реализираат 183 проекти, во вредност од над три милијарди денари. Од нив, 45 се целосно завршени, а 138 се во фаза на реализација. Додека за ресорот образование одобрени се 55 проекти, со кои се инвестира во нови училишта, реконструкција на постојните објекти, училишни спортски сали и спортски терени. Седум проекти се целосно завршени, а на 48 интензивно се работи.

36 проекти во вредност од близу 770 милиони денари се одобрени за македонскиот спорт, од кои 10 проекти се целосно завршени, а 26 се во реализација, а Владата одобри и 18 проекти во културата вредни над 822 милиони денари, додека за социјалната политика се реализираат 10 проекти во вредност од над 771 милион денари.

Вкупно 80 општини добија финансиска поддршка од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон патната инфраструктура, детските градинки, спортските терени и комуналната инфраструктура.

Поддршката е видлива во секој дел од државата. За општините Гази Баба и Прилеп, вкупната поддршка од двата јавни повици за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за Велес се обезбедени 9 милиони евра, додека за Неготино обезбедени се над четири милиони евра за 12 проекти, во Дебар се финансираат 26 проекти, во Битола 81, во Струмица 13, во Крива Паланка пет проекти.

Тоа што е важно да се напомне е дека зад инвестициите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови. Зад проектите во животната средина стојат решени децениски комунални проблеми, додека зад инвестициите во инфраструктурата стојат подобри патишта. Инвестициите во културата значат зачувување на македонското културно наследство, додека проектите во социјалната политика значат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги.

Ова е разликата меѓу празни ветувања и работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во цела Македонија, затоа што развојот и подобрите услови за живот треба да стигнат до сите граѓани без разлика на нивното место на живеење.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот, Либерално-демократската партија (ЛДП) прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните?

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за Брисел како „специјален претставник“? Или пак, треба да му веруваме на истиот тој Премиер кој сега, во август, изјавува дека бил „најсреќен“ кога на македонските граѓани им се затегнуваат условите за американски визи, за демек така да се спречело нивното иселување?

Не може да биде точно и едното и другото. Дали Мицкоски беше искрен во ТВ интервјуто во април кога со разбирање говореше за неодговорните функционери што бегаат од земјата, или е искрен во август кога им се радува на административните иселенички рампи за обичните граѓани? Или не бил искрен ниту тогаш, ниту сега? Или, пак, има толку лоши советници за односи со јавноста што го доведуваат во ситуација пред граѓаните да изгледа како тотален хипокрит?

Да излезете со вака длабоко спротивставени ставови во рок од само неколку месеци е сериозно загрижувачки за некој што ја води државата.

Државната политика за спречување на иселувањето не се води со радост за туѓите визни ограничувања, туку со создавање услови дома. Младите и семејствата не остануваат затоа што некој им ја затворил вратата надвор, туку кога овде ќе добијат подобри плати, квалитетни јавни услуги, подобро здравство и образование, и пред сѐ — институции на кои можат да им веруваат. И да, кога ќе видат дека законите важат за државните функционери - сите закони, и за работни односи, и за платите, и Кривичниот Законик. Без исклучок!

За функционерите на Владата очигледно секогаш има обезбедено државен билет и народно платена позиција во Брисел, додека за граѓаните и младите, премиерот Мицкоски нуди само желби и радости за затворени граници. Оваа хипокризија мора да престане — Владата треба да почне да работи на подобрување на животот во Македонија, наместо да ја прикрива сопствената неспособност зад визните политики на други држави и зад неказнивоста.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Најмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер