Ѓоковиќ остана без медал, го откажа и мечот во мешани двојки - Канал 5

Ѓоковиќ остана без медал, го откажа и мечот во мешани двојки

Новак Ѓоковиќ остана без медал во поединечна конкуренција на Олимписките игри, а го откажа и настапот за бронза во мешани двојки.

Ѓоковиќ остана без медал, го откажа и мечот во мешани двојки

Најдобриот светски тенисер вчера загуби во полуфиналето од Германецот Александар Зверев, иако го освои првиот сет, а имаше брејк предност во вториот сет. Денеска во драматичен меч за бронза беше поразен од Шпанецот Пабло Карен-Буста со 6: 4, 6: 7, 6: 3.

Во првиот сет, Ѓоковиќ промаши три брејк-топки на сервис на Шпанецот во првите два гема, а потоа во петтиот гем одигра катастрофално и Карено-Буста стигна до брејк без да загуби поен. Шпанецот ја задржа таа предност до крајот на сетот, сочувувајќи две врзани брејк-топки во игра во која сервираше за 1: 0 во сетови.

Во вториот сет немаше можности за брејк, па тој беше решен во тај-брејк. Карено-Буста, 11-тиот тенисер на светот, имаше 6: 5 и меч топка, но после тоа Ѓоковиќ освои три поени и го одведе мечот до решавачкиот сет.

Кога Ѓоковиќ стигна до брејк-топката на почетокот на сетот, се чинеше дека лесно ќе го скрши Шпанецот, но српскиот тенисер не ја искористи можноста за брејк, па повторно го загуби сервисот во својот следен гем. Карено-Буста потоа, повторно со мали проблеми во последниот гем, ги спаси своите сервиси и стигна до медалот.

Најдобрата австралиска тенисерка Ешли Барти и нејзиниот сонародник Џон Пирс без борба го освоија бронзениот олимписки медал на турнирот во Токио, откако Новак Ѓоковиќ се откажа од настапот со Нина Стојановиќ во мечот за бронза , што требаше да се одигра денеска напладне.

Да потсетиме, тој пристигна во Токио за да се обиде да се доближи до Златниот слем, освојувајќи ги сите четири Гренд слем и игри во истата година. Претходно оваа година, тој победи на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а по Токио, ќе настапи на УС Опен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор.

Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер