Ѓоковиќ остана без два бронзени медали за три часа: Жал ми е, ми откажа телото - Канал 5

Ѓоковиќ остана без два бронзени медали за три часа: Жал ми е, ми откажа телото

Новак Ѓоковиќ загуби два бронзени медали на Игрите во Токио за еден ден, за помалку од три часа.

Ѓоковиќ остана без два бронзени медали за три часа: Жал ми е, ми откажа телото

Ѓоковиќ прво загуби од Шпанецот Буста, а веднаш потоа го предаде мечот за бронза во мешани двојки.

Српските медиуми прво напишаа дека причината е умор, но било откриено дека тој има повреда на рамото.

"Морав да се откажам поради неколку повреди. Им се извинувам на навивачите, сакав медали исто колку и тие. Дадов се од себе. Чест ми е што играм за Србија и сакам да играм во Париз во 2024 година", рече Ѓоковиќ, додавајќи:

"Тоа е повреда. Не една, туку повеќе. Се надевам дека тоа нема да ме спречи да учествувам на УС Опен, што секако е следната голема цел. Не жалам што дојдов тука или дадов се од себе. И жалам? Тоа е нормална работа, логично е кога сте на Олимпијадата да сакате да дадете се од себе за да и` донесете на вашата земја барем еден медал “.

Тој и се извини на Нина Стојановиќ, со која требаше да настапи во борбата за бронза во мешани двојки.

"За жал, во моите четири настапи на Олимпијадата, по трет пат бев поразен во полуфиналето ... Освоив само еднаш бронза. Се разбира, "само" во наводници, медал е медал, но за некои од моите стандарди, очекувања и желби тоа не е идеален резултат. Им се извинувам на сите љубители на спортот што ги разочарав, бидејќи знам дека многумина од мене очекуваа медал, како и јас. Жал ми е за Нина што на крајот не излезе на теренот, но моето тело целосно потфрли. Играв под лекови, абнормална болка, исцрпеност ".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици.

Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови.

За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка.

Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите.

Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството.

Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера.

Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен.

Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика.

Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“.

Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикини

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Гвинет Палтроу  на воодушевување на фановите на социјалните мрежи сподели летни фотографии со својата 22-годишна ќерка, Епл Мартин.

Фото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикини

53 годишната Гвинет сподели неколку летни фотографии на Инстаграм, а најголемо внимание привлекоа оние на кои е прикажана нејзината 22-годишна ќерка, Епл Мартин.

Мајката и ќерката заедно уживаа во сонцето, а многумина забележаа колку Епл личи на својата позната мајка.

„Летото засега одлично минува“, напиша Палтроу покрај фотографиите.

На една од фотографиите, Гвинет позира без шминка, облечена во црн едноделен костим за капење и со очила за сонце. До неа е Епл во бикини со црвено-бели пруги.

Епл, ќерката што Палтроу ја има со својот поранешен сопруг Крис Мартин, сега е подготвена да направи уште еден чекор кон актерска кариера. Таа доби улога во романтичната комедија „Париз Парамаунт“ (Paris Paramount), иако деталите за нејзиниот лик сè уште не се откриени.

Гвинет Палтроу и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, стапија во брак во 2003 година. По 11 години брак, тие ја објавија својата разделба, а официјално се разведоа во 2016 година. Сепак, останаа во добри односи и заеднички се грижат за својата ќерка Епл и синот Мозис (20).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Убавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. 

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат.

Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер