Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами - Канал 5

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да го игра Мастерсот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“.

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами

По раната елиминација во Индијан Велс, Ѓоковиќ „побара“ неколку дена за размислување, па реши да не го продолжи учеството на Саншајн двојната турнеја.

Новак во САД пристигна со многу самодоверба, но веќе во 3. коло на Индијан Велс беше поразен од Лука Нарди. Недолго по конференцијата, тој навести дека сепак може да го прескокне Мајами.

- Мајами е тука, да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден или два и потоа да видам што сакам следно да направам.

За потсетување, Местерсот во Мајами е закажан од 20 до 31 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Гордана Сиљановска давкова го осуди инцидентот пред бугарската амбасада

За осуда е вчерашниот вандалски чин во кој опожарени беа две возила на бугарската амбасада, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

Претседателката Гордана Сиљановска давкова го осуди инцидентот пред бугарската амбасада

Таа не верува дека ова може да ги наруши односите помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи како што рече од наша страна е направена брза реакција во пронаоѓање на сторителот. Во однос на тврдењето на поранешниот член на Македонско- бугарската историска комисија, Огнен Вангелов, дека покрај уставните измени, во Протоколите има многу други услови, Сиљановска- Давкова вели тоа е доказ дека треба да има гаранции од бугарска страна дека внесување на бугарите во Уставот ќе биде нивното последно барање од Македонија.

- Мислам дека тоа што го кажа професорот Вангелов е точно, не само низ призма на правна анализа на договорот, туку и низ призма на неговото конкретно искуство во работата а комисијата. Ние тоа го слушаме не само од политичари, туку и од многу други луѓе. Затоа сметаме дека треба нешто друго да се направи, дека треба гаранции да има. - Гордана Силјановска Давкова

Во однос на отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ на Украина и на Молдавија, претседателката нагласи дека според неа, Западен Балкан е далеку по подготвен од нив, и дека ако тие можат за една година да отворат шест кластери и поглавје, можеме и ние.

- Јас имам длабоки чувства и разбирање за Украина и за Молдавија, меѓутоа не можам а да не кажам дека Западниот Балкан е многу понапред од нив, впрочем скринингот тоа го покажува и дека ако може тие технички да напредуваат за една година шест кластери и поглавја да поминат, исто така можеме и ние. Бидејќи, пречката кон нас е ирационална според мене. - Гордана Силјановска Давкова

Европската Унија, според претседателката Сиљановска треба да најде механизми што ќе спречат блокирање на проширувањето поради идентитетски и историски причини, наместо поради исполнување или неисполнување на европските критериуми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

В.Д. амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Софија денеска бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата автомобили на амбасадата на Бугарија во Скопје.

В.Д. амбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНР

Како што информираа од бугарското МНР, заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија.

„Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната држава и брзата реакција на надлежните органи, која доведе до приведување на сторителот. Истовремено, очекуваме да се спроведе ефикасна истрага и правна разрешница на случајот, со што јасно ќе се покаже дека ваквите дела се недозволиви“, истакнал Полендаков и додал дека секој обид за ширење страв на Бугарите во Македонија е неприфатлив – соопштија од бугарското МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди.

Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. Еден од малолетниците во Тетово и уште еден друг возач претодно учествувале во сообраќајни незгоди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер