Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето - Канал 5

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор.

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале.

По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и победата која ја извојува во 3 часот наутро, Ѓоковиќ вчера по четири и пол часа игра го совлада Аргентинецот Франциско Серундоло со 3-2 во сетови.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето в среда ќе биде Норвежанецот Каспер Руд, кој синоќа беше поуспешен од Тејлор Фриц со 3-1.

„Изминатите неколку недели чувствувам непријатност во десното колено, но немаше проблем до денешниот меч во вториот сет кога се лизнав и почувствував болка. Побарав помош од докторот, тоа ме вознемири во играта. Не бев сигурен дали да продолжам, побарав лекови, но беше потребно 30-45 минути за да делуваат, па го поминав петтиот сет без болка. Во вторник ќе имаме нов преглед, добро е што имаме ден за одмор, а не знам што ќе биде и дали ќе бидам на теренот“, изјави Ѓоковиќ на синоќешната прес – конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот шампион Барселона го продава херојот од Светското првенство.

Ферен Торес на пат за Париз!?

Шпанскиот фудбалски репрезенативец,асот на Барселона Феран Торес е сè поблиску до редовите на европскиот првак ПСЖ.

Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата кај францускиот шампион.

„Л'Екип“ пренесува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек.

„Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека се очекува Барселона да добие околу 50 милиони евра.

Во моментов се финализираат износот на трансферот и бонусите. Инаку, извонредниот Торес беше херој на последното Светско првенство, постигнувајќи гол во финалето со кој Шпанија стигна до светската круна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Првите два месеци од летото во западна Европа беа најжешките досега, соопшти Климатскиот мониторинг на Европската унија,  континентот се бори со катастрофални пожари и се подготвува за уште еден топлотен бран.

Првите два месеци од летото во западна Европа најжешки досега

Просечната температура за јуни и јули беше 21,62 степени целзиусови, околу 2,79 степени над просекот и го надмина претходниот рекорд за топлина поставен во 2022 година, соопшти службата за климатски промени „Коперник“.

Јули беше исто така најжешкиот месец некогаш регистриран за океаните со рекордно високи температури по должината на Атлантикот и западниот Медитеран, ставајќи го во опасност морскиот живот и крајбрежните заедници. Условите беа делумно поттикнати од таканаречениот „супер“ временски модел Ел Нињо што се развиваше во Пацификот.

Континентот е погоден од низа смртоносни топлотни бранови, а за оваа недела се прогнозираат уште повисоки температури. Топлината уби повеќе од 25.000 луѓе низ Европа оваа година, според податоците од Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер