ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
2ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана
ТенисЃоковиќ на прес конференција ги обвини „елитите што ги контролираат медиумите“ (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ денеска одржа прес-конференција пред натпреварот од шеснаесетфиналето на Париз против Мартон Фучович и призна дека го погодиле негативните коментари и пишувања на светските медиуми пред Австралија Опен.Ѓоковиќ по 50 дена и пораз во финалето на УС Опен за прв пат ќе настапи во Париз. На прес-конференцијата имало повеќе теми, а главна беше Австралија. „Што се однесува до Австралија, за да се избегнат шпекулации и претпоставки, чекам официјално соопштение па ќе одлучам што ќе правам и како ќе го направам тоа. Не мислам само на себе туку на сите други тенисери. Ние сме колеги , дел од една целина, треба да бидеме пообединети, но за жал ова заедништво го нема во последните триесет или четириесет години... Сега го направивме првиот чекор, но има уште многу работа. играчите не се на потребното ниво.“ Светските медиуми често го критикуваат за начинот на кој зборува за вакцинацијата, а тоа е особено актуелно откако стана извесно дека оние тенисери кои не се вакцинирани нема да можат да играат во Австралија. Сега Ѓоковиќ реши да ги нападне. „Не читам весници, апликации или печатени изданија, не гледам вести на телевизија веќе неколку години. Сепак, поради моето присуство на социјалните мрежи, ги добивам овие информации кои протекуваат во медиумите. Не можам да кажам дека тоа не ме засега - човек сум, имам емоции и секако дека ми е гајле. Колку што ми е грижа да се залагам за вистинските вредности, да се борам за правда и вистина, толку многу ми е важно што луѓето генерално мислат за мене. Знам кој сум и што сум, се трудам да го живеам животот според вистинските постулати. За да грешам, но тоа влијае на мене кога се шират лаги", рекол Ѓоковиќ. додавајќи: „Тоа не ме засега како порано бидејќи на некој начин сум навикнат, од светските медиуми, па и од домашните. Се создава пропаганда, во сето тоа сум вовлечен врз основа на нешто што претходно сум го кажал на одредена група на луѓе. Системот на информирање отиде во насока која повеќе не е основа за новинарството. Сè помалку има слободно новинарство и информации. Се повеќе се контролира од еден или два извори, па се шири пропаганда која и одговара на елитата или на одредена група луѓе.Секако дека тоа влијае врз мене, но нема да ме спречи да се залагам за работи што мислам дека се исправни“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авионНеверојатна сообраќајна несреќа во Италија. Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A). Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото. https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност — ги решаваме децениските проблеми на граѓаните, порача денеска при посетата на Идризово премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, на администрацијата, се разбира, без која не можат овие проекти да се случат, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, на колегите од Владата, на ресорниот министер за животна средина и просторно планирање, затоа што за овој сложен проект како Влада одлучивме да биде еден од приоритетите со којшто ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот. А сите овие проекти, кога ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани. Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 места се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат. Иако, се разбира, не можеме ние сè наеднаш да решиме со два повика, нешто коешто со децении не се правело, сепак мислам дека со ваквите проекти голем дел од тие приоритети на граѓаните ќе бидат решени и ќе можат да имаат поквалитетен живот тие и нивните семејства. Она коешто за мене е исто така важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати, а во периодот којшто следи очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото. Покрај овие проекти кои ги финансира Владата на целата територија на државата, ќе се појават 6 делници на автопати коишто ќе се градат. Овој месец официјално ќе започне изградбата, завршени се сите формални и останати процедури поврзани со автопатската делница Блаце – Скопје, мислам дека почетокот е закажан за 26 август. Сега не би сакал да ме држите за збор, но мислам дека таа беше датата. Конечно за овој децениски проект којшто беше најавуван имаме изведувач, а тоа е повторно домашна компанија, имаме надзор, сите, би рекол, услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. Во септември очекувам уште една автопатска делница, а тоа е Букојчани – Кичево, исто така да започне и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена отприлика во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година. Нормално, тука продолжуваме со засилена динамика на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д, а тоа се Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Сè на сè, отприлика 6 автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата (секција 2), којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3, за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавен повик бидејќи сите административни, би рекол, предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, следи завршување на физибилити студијата и отпочнување на почетокот на следната година на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите оние предизвици коишто ги имаме ќе бидат решени, а очекувам да нема пречка да се решат. Така што градежништвото претставува еден од оние двигатели и носители на економската активност во Македонија. Сосема на крај, дозволете да се заблагодарам на сите: на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на министерот, на колегите од Владата, на граѓаните за трпението и поддршката којашто ни ја даваат. Ние, повторно ќе кажам, не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставувано и нерешавано — но ветуваме дека сето она коешто можеме да го решиме, па дури и повеќе од тоа, ќе се потрудиме да го испорачаме и решиме како Влада, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Драма во Минхен: Мусиала колабираше на пријателски натпреварФудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, колабирал во финишот на пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој претходно постигна гол за домашниот тим, во тој момент предизвика загриженост кај сите присутни на стадионот. Тој падна на теренот и накратко ја изгубил свеста, ситуацијата изгледала крајно драматично. За среќа, тој брзо дојде при свест благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим на Баерн. Очигледно е дека Мусиала не се справи добро со тешките временски услови и високата температура во Минхен оваа сабота. Иако стана, веднаш потоа ја напушти играта. По натпреварот било потврдено дека со Мусиала сè е во ред и дека не се чувствувал добро поради големите горештини што деновиве владеат во овој дел на Германија, како и во главниот град на Баварија. Мусиала ја затресол мрежата на ривалот од Бундеслигата во 81-вата минута, непосредно пред да колабира . Стрелци за Баерн беа Луис Дијаз во 13-тата и Натаниел Браун во 57-мата минута, додека Брајан Груда го постигна единствениот гол за гостите во 52-рата минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00