ТенисЃоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата во однос на Федерер Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на најновата АТП листа во однос на второпласираниот Швајцарец Роџер Федерер.Српскиот тенисер неделава има поголема предност во однос на Швајцарецот како резултат на триумфот на Мастерсот во Париз, но исто така и раната елиминација на Федерер од овој турнир придонесе да се зголеми бодовната разлика меѓу најдобрите двајца. Ѓоковиќ со одбраната на трофејот во Париз си ги задржа 1.000 бодови од триумфот во 2013 година и води на АТП листата со 11.510 поени. Федерер од друга страна беше елиминиран во 1/4финалето во Париз и загуби дел од освоените лански бодови кога играше полуфинале па од 9.280 падна на 8.700 пени и го зголеми заостанувањето зад лидерот на 1.310 поени. На претстојниот завршен турнир во Лондон Новак ќе ги брани максималните 1.500 поени, а Федерер само 400. Во ТОП 5 покрај овие двајца тенисери се наоѓаат и: Рафаел Надал 6.835 поени, Стан Вавринка 4.895 и Кеи Нишикори 4.625.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветТрамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувамТрамп по пристигнувањето во Анкара за самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата.Американскиот претседател Доналд Трамп по пристигнувањето во Анкара за самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите Американски Држави во нивните акции против Иран. За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека сад со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО. Toj воедно повторои дека би сакал да ја преземе контролата врз Гренланд и предупреди дека „може“ да ги повлече сите американски трупи од Европа. -Бев многу разочаран од НАТО. Но не бевме добро третирани, затоа што направивме нешто во Иран. Не ни треба ничија помош. Не ја ни сакав нивната (НАТО) помош, но пред да прашам рекоа дека нема да бидат таму. Ние инвестиравме трилиони долари во НАТО. Зошто? За да ги заштитиме европските земји.- изјави Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајотЕвропскиот парламент денес ги одобри ревидираните правила на ЕУ за патниците во авионот, потврдувајќи го правото на бесплатен рачен багаж и финансиска компензација во случај на доцнење на летовите.Авиокомпаниите предупредуваат дека ова ќе доведе до повисоки цени на билетите, додека здруженијата на патници го поздравуваат зачувувањето на правата на патниците, пишува „Euronews“. Пратениците дадоа конечно зелено светло за договорот постигнат со земјите-членки по повеќе од една деценија преговори. Предлогот беше усвоен на пленарна седница со 646 гласови „за“, 12 „против“ и три „воздржани“. Компензација за доцнења и откажувања Авионските патници во Европската Унија ќе продолжат да имаат право на компензација помеѓу 250 и 600 евра ако нивниот лет доцни повеќе од три часа или е откажан. Новиот текст наведува дека за летови подолги од 3.500 километри, компензацијата ќе биде 300 евра, а ќе се зголеми на 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или летот е откажан. Патниците ќе имаат девет месеци да поднесат барање, а авиокомпаниите ќе мора да платат компензација во рок од 30 дена или да побараат вонредни околности за да избегнат плаќање. Правила за рачен багаж Новите правила, исто така, ја разјаснуваат политиката за надоместоците за рачен багаж. Патниците сè уште ќе имаат право на еден бесплатен личен предмет, како што е мал ранец или торба, со димензии до 40 x 30 x 15 см. Нискобуџетните превозници како што се „Рајанер“ и „Изиџет“ моментално наплаќаат за помали торби на тркала, но според новата регулатива, сите авиокомпании ќе мора да ја прикажат цената на билетот што вклучува рачен багаж на почетокот на процесот на резервација, особено на посредничките и пребарувачките портали. Сепак, тие ќе можат да понудат поевтини билети на патниците кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж. Дополнителни права на патниците На патниците повеќе нема да им биде дозволено да им се наплаќаат дополнителни такси за корекција на мали грешки во името на билетот. Тие, исто така, ќе имаат право да добиваат дигитални карти за влез во авионот при пријавувањето за нивниот лет, без никаков дополнителен услов или обврска да имаат сметка или специфична апликација за авиокомпанија. Ревизијата на регулативата на ЕУ за заштита на патниците беше започната во 2013 година. Оттогаш, европратениците се залагаат за проширени права за багаж и заштита на патниците, но се соочија со отпор од некои земји-членки и од воздухопловната индустрија. Новите правила ќе стапат на сила во 2027 година. Извор: Б92Тагови: авиосообраќајот ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“Директорот на ЦУК истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“.Апликацијата ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации. Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош. Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации. ЦУКТагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter