Ѓоковиќ и Сабаленка изгубија сет но изборија пласман во третото коло на Индијан Велс - Канал 5

Ѓоковиќ и Сабаленка изгубија сет но изборија пласман во третото коло на Индијан Велс

Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Индијан Велс (САД).

Ѓоковиќ и Сабаленка изгубија сет но изборија пласман во третото коло на Индијан Велс

Во второто коло Ѓоковиќ ноќеска го победи Австралиецот Александар Вукиќ во три сета - 6:2, 5:7, 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во третото коло ќе биде Италијанецот Лука Нарди.

Слично како Ѓоковиќ, второто коло го мина и белоруската тенисерка Арина Сабаленка. Таа рано утрово славеше победа над Американката Пејтон Стернс со резултат 6:7 (2:7), 6:2, 7:6 (8:6). Мечот траеше 2 часа и 55 минути.

Во третото коло Сабаленка која е втора на светската ранг-листа, ќе се сретне со Британката Ема Радукану.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

„Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата“, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.

„Да имате една стабилна и предвидлива економија, која што ќе отвори над 16.000 нови работни места, да имате една економија која што ќе го зголеми индустриското производство над 8%, една инфлација, која што за разлика од многу други држави ќе успеете во ваква криза да ја нивелирате и да ја држите до едно средно ниво, да се обидувате да го водите социјалниот дијалог, да успеете не преку мерки туку преку дијалог да направите една координација и со големите маркети, но и со сите оние општествени одговорни компании“, вели Митева.

Според неа, Владата секогаш треба да се стреми кон повеќе од она што е остварено во даден момент.

„Граѓаните ја чувствуваат промената и чувствуваат дека оние чекори кои што ги правиме, не се несигурни, не се еден напред три назад, туку се чекори кои што се стабилни, кои што се сигурни и кои што одат во правилна насока. Со едно вакво темпо кое што го имаме во првата половна од мандатот на оваа влада покажавме дека знаеме поинаку, дека знаеме системски како може да се функционира, и дека граѓаните можат, но и бизнисот да ја види таа предвидливост“, истакна Митева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно и топло со сончеви периоди

Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Денес и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише.

Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер