Ѓоковиќ и Мареј во борба за финале на Ролан Гарос - Канал 5

Ѓоковиќ и Мареј во борба за финале на Ролан Гарос

На тенискиот турнир на Ролан Гарос денеска се играат полуфиналните мечеви во машка конкуренција, при што поголемо внимание привлекува дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, во однос на првото полуфинале Жо-Вилфред Цонга - Стан Вавринка.

Ѓоковиќ и Мареј во борба за финале на Ролан Гарос
Ѓоковиќ и Мареј досега имаат одиграно 26 меча, а водство од 18-8 во победи има Ѓоковиќ, кој воедно ги има добиено последните седум дуели. Оваа година најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ има серија од 27 победи или 40-2 во текот на целата сезона.

Мареј пак има одлична низа од 15 победи на земјена подлога без пораз. Британецот последен пат го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2013 година, а Ѓоковиќ со триумф на Ролан Гарос ќе го комплетира „сетот“ победи на сите четири Грен слем турнири: Вимблдон, Ју-Ес Опен, Австралија Опен и Ролан Гарос.

Досега двајцата тенисери на земјена подлога имаат одиграно два меча, а победите му припаднаа на Ѓоковиќ.

Полуфиналната програма на централниот терен „Филип Шатрие“ почнува во 13 часот со мечот Цонга – Вавринка, а потоа е дуелот Ѓоковиќ – Мареј. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Една година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот.

„Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките.

СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања.

Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци.

Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра.

Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја.

Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

Владата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. 

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

“ Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.” – истакна Николоски.

Суштинската разлика како што потенцира Николоски е тоа што, СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите.

“ Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем” – истакна Николоски во интервјуто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изгледа како помала „Octavia“, но чини само 10.000 долари

Шкода „Slavia“ штотуку стана уште поинтересна, со проширена опрема и верзија „Monte Carlo“.

Изгледа како помала „Octavia“, но чини само 10.000 долари

Шкода „Slavia“, компактен седан дизајниран за индискиот пазар, доби освежување на изгледот за моделската 2026 година.

Автомобилот сега се одликува со помодерен изглед, подобрена опрема и спортска верзија „Monte Carlo“, со почетна цена од околу 10.400 долари.

Редизајнираната „Slavia“ ја задржува карактеристичната форма слична на поголемата „Octavia“, но воведува неколку визуелни новини.

Предниот дел добива нова маска на ладилникот, изменет браник и ревидирана графика на „LED“ предните светла, додека задниот дел добива црна украсна лајсна со натпис „Škoda“ меѓу задните светла и нова „LED“ графика со секвенцијални трепкачи.

Седанот е долг 4.552 мм, а неговиот профил останува главно непроменет, со исклучок на новите 16-инчни алуминиумски бандажи.

Купувачите можат да избираат и меѓу новите бои: „Arctic Silver“ (сребрена) и „Cappuccino Beige“ (беж).

„Monte Carlo“ за спортски изглед

Врвната изведба „Slavia Monte Carlo“ се одликува со црни 16-инчни бандажи, црвени сопирачки клешти, црни детали, црвени акценти на маската, црн покрив и суптилни аеродинамични додатоци.

Каросерискиот пакет вклучува преден сплитер, продолженија на праговите, мал заден дифузор и спојлер на капакот на багажникот.

Сепак, спортската верзија нема модификации на суспензијата или погонскиот систем.

Главните карактеристики на кабината вклучуваат црни украсни елементи и црвени акценти.

Повеќе технологија, исти мотори

Кабината е надградена со поголем екран од 10,1 инчи за мултимедијалниот систем, кој вклучува функции со вештачка интелигенција, како и нова дигитална инструмент-табла од 12,25 инчи, која го заменува претходниот дисплеј од 8 инчи.

Опремата сега вклучува задни седишта со функција за масажа, камера од 360 степени и подобрен систем за климатизација.

„Slavia“ стандардно доаѓа со шест воздушни перничиња, но нема напредни системи за помош на возачот кои се дел од „ADAS“ пакетот.

Во понудата остануваат два турбо-бензински мотори. Основниот мотор 1.0 TSI развива 115 КС и може да се комбинира со шестстепен мануелен или со нов осумстепен автоматски менувач.

Помоќниот 1.5 TSI испорачува 150 КС и е достапен исклучиво со седумстепен „DSG“ менувач и погон на предните тркала.

YouTube video

Овој мотор сега доаѓа и со задни диск-сопирачки, кои ги заменуваат претходните барабан-сопирачки.

Почетната цена на моделот „Slavia“ во Индија изнесува околу 10.400 долари, додека верзијата „Monte Carlo 1.5 TSI DSG“ чини приближно 19.500 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер