3Новата генерација инженери на ФЕИТ: 184 дипломи и повик за одговорност во време на технолошки промени
Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
2Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
ТенисЃоковиќ е ГОАТ, Австралија Опен го претстави со посебна почест (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ (36) во Мелбурн сака да подобри два рекорди: бројот на победи на Австралија опен (10) и вкупно Грен слемови (24).Според организаторите на првиот Грен слем годинава, најдобриот тенисер на светот е и најдобар на сите времиња. Имено, АО официјално му подари видео компилација од најнезаборавните моменти на Ѓоковиќ на тој турнир, на кое што тој беше прикажан како средновековен крал со натпис ГОАТ. The 🐐 @DjokerNole 🏆 pic.twitter.com/MvMfJiXM6u — #AusOpen (@AustralianOpen) January 11, 2024 За Ѓоковиќ Австралија е речиси втора татковина. Со исклучок на аферата со забраната за учество на турнирот и депортацијата од земјата пред две години поради одбивање да се вакцинира против корона, оттаму има одлични спомени и резултати. Минатата недела во Перт загуби во Купот на Јунајтед од Алекс де Минаур. Тоа е прв пораз на Ѓоковиќ во Австралија откако таму победи на 43 натпревари на различни турнири и натпреварувања. Неговиот последен пораз пред ова беше пред шест години од Чунг Хјеон на Австралија Опен. После тоа во Австралија само победува и освои сѐ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ЗдравјеВо Скопје се одржува 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна ЕвропаМинистерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави присутните на отворањето на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), која се одржува во Скопје под претседателството на Израел.Во своето обраќање, министерот посочи дека Здравствената мрежа на Југоисточна Европа веќе 25 години успешно ги обединува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и благосостојба за граѓаните. „Здравствената мрежа прерасна во силна меѓувладина организација која денес обединува девет земји членки и претставува значајна платформа за размена на искуства, градење капацитети и унапредување на здравствените политики. Во фокусот на пленарната седница се теми од особено значење за иднината на здравствените системи, меѓу кои развојот на дигиталните здравствени иновациски екосистеми, унапредувањето на напредните улоги и лидерството во сестринството, како и подготвеноста и отпорноста на здравствените системи при кризни и вонредни состојби, истакна министерот Алиу. Тој потенцираше дека државата останува силно посветена на дигиталната трансформација на здравството, зајакнувањето на улогата на медицинските сестри и унапредувањето на националните капацитети за подготвеност и одговор на здравствени закани и итни ситуации. Воедно, тој најави дека на негова иницијатива, во септември годинава, под покровителство на Светската банка ќе се одржи регионална конференција на која ќе учествуваат министрите за здравство од земјите од регионот, со цел дополнително продлабочување на соработката и размена на добри практики. Учесниците на 49. пленарна седница ќе дискутираат за заедничките предизвици и можности за развој на поотпорни, поефикасни и поинклузивни здравствени системи во Југоисточна Европа.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МагазинЕдукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско селоКрајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го финансираше и изгради за потребите на Зоолошката градина. Децата со љубопитност го следеа часот, учејќи за важноста на грижата кон животните и природата. Но, покрај незаборавното искуство и стекнатите знаења, оваа соработка донесе и конкретна, практична поддршка за секојдневието на децата. Преку својата CSR платформа „Повеќе од финансии - поддршка за заедницата“, Flex Credit обезбеди дополнителни парични средства наменети за СОС Детско село. Оваа донација е наменета за купување и замена на нова бела техника и мали кујнски апарати за куќите во кои се згрижени децата, со цел да им се обезбедат уште подобри, помодерни и покомфорни услови за живот. „За нас, грижата за заедницата секогаш има две димензии – емотивна и практична. Преку денешниот едукативен час во Скопје ЗОО сакавме да им подариме на децата убави спомени и знаења со кои ќе го започнат летниот распуст. Но, истовремено, свесни сме дека вистинскиот дом значи сигурност и функционалност. Токму затоа, со обезбедувањето средства за нова бела техника во куќите на СОС Детско село, сакавме директно да го олесниме и разубавиме нивното секојдневие. Секоја инвестиција во овие деца е инвестиција во посреќна иднина,“ изјави Тина Трпковска, маркетинг директор на Flex Credit. Оваа активност уште еднаш покажа дека партнерството помеѓу Flex Credit и СОС Детско село одамна ги надмина рамките на корпоративна соработка – тоа е жива приказна која континуирано создава реална вредност и придонесува таму каде што е најпотребно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПариз подготвен за топлото време, на граѓаните им е дозволено „ладење“ во каналот Сен МартинПоради претстојниот топлотен бран во Париз, градските власти од денес одобрија пливање и ладење во каналот Сен Мартин.„Пливање под надзор ќе биде дозволено на одреден дел од каналот од 100 метри. Каналот ќе биде вистински извор на олеснување од жештината“, објави градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, на прес-конференција , пренесува Фигаро. Грегоар рече дека изгледа „малку апсурдно“ да се троши огромна количина енергија, распоредувајќи ја париската и националната полиција за да ги спречат младите да пливаат во каналот кога температурата се искачи на 40 степени Целзиусови кон средината на мај. „Затоа напорно работевме последниот месец за да го промениме пристапот и да одлучиме да дозволиме пливање под одредени услови, наместо да го забраниме“, рече Грегоар. Here we go again. Major #heatwave growing across #Europe this week into next week. Temps reaching 43C / ~110F in spots under a #HeatDome, peaking on Monday. The heat will impact Sevilla, Madrid, Paris, Milan, Rome, Frankfurt, etc… pic.twitter.com/lVmUDjB6OC — Jeff Berardelli (@WeatherProf) June 16, 2026 „Што значи, пливањето под надзор ќе биде дозволено во одредена зона од 100 метри и ова ќе биде на сила за време на траењето на топлотниот бран. Ќе ја држиме оваа опција постојано достапна, за да можат Парижаните, млади и стари, да дојдат и да пливаат бесплатно во надгледуваниот дел од каналот Сен Мартин“, рече градоначалникот на Париз.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter