Гимназијата „Никола Карев“ се прости од своите доскорешни ученици, кои загинаа на скопската обиколница - Канал 5

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од своите доскорешни ученици, кои загинаа на скопската обиколница

Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубивме нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година.

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од своите доскорешни ученици, кои загинаа на скопската обиколница

Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубивме нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите.

Срцето на Карев денес плаче.

Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината....тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано.

Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир, се наведува во објавата на гимназијата „Никола Карев“ од Скопје.

Вчеравечер Обвинителството побара мерка притвор за Косовецот, на 76 години кој директно со камионот се заби во автомобилот во кој се возеле Марко Ѓирѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток.

Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад.

По ударот автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата на лице место починале четворицата патници во патничкиот автомобил.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица

Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата.

Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во РепубликаМакедонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека отворањето на овие простории претставува значаен чекор во унапредувањето на системот на правда за деца и воспоставувањето повисоки стандарди во постапувањето со децата кои доаѓаат во контакт со институциите.

„Со отворањето на овие простории не создаваме само нов функционален простор, туку воспоставуваме повисок стандард во третманот на децата. Заедно со веќе воспоставените капацитети во СВР Битола и планираните простории во СВР Тетово и СВР Скопје, градиме систем кој ќе обезбеди еднаков, професионален и достоинствен третман на секое дете на целата територија на државата“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека новите простории ќе овозможат полициските службеници и стручните лица да постапуваат во средина прилагодена на возраста, психолошките и емоционалните потреби на децата, што е особено важно во случаи на семејно и родово базирано насилство, кога безбедната и доверлива средина е предуслов за навремена заштита и ефикасно институционално постапување.

Министерот потенцираше дека квалитетот на една институција се мери и според начинот на кој се грижи за најранливите категории граѓани, нагласувајќи дека секое дете, без разлика дали е жртва, сведок или лице во судир со законот, заслужува достоинствен третман, целосна заштита на своите права и професионален пристап кој ќе спречи секундарна виктимизација.

Воедно, Тошковски упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, Шведската агенција за меѓународен развој и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за нивната долгогодишна поддршка во јакнењето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи и унапредувањето на полициските реформи.

Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на континуирано унапредување на професионалните стандарди, развојот на капацитетите и зајакнувањето на соработката со домашните институции и меѓународните партнери, со цел изградба на систем кој ќе обезбеди најдобра можна заштита и поддршка за секое дете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиени

Руските сили ноќеска извршија масовен напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев.

Русија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиени

Според последните информации, загинале најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 40 се повредени.

Силни експлозии одекнувале низ градот во текот на ноќта, додека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во повеќе делови на Киев. Поради нападите, неколку населби биле евакуирани, а избувнале и повеќе пожари. Оштетена е и амбулантна станица во централното подрачје, при што едно лице се наоѓа во критична состојба.

Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите има и деца. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека досега се спасени повеќе од 50 луѓе, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани на погодените локации.

Нападот следува само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов бран воздушни удари. Новата серија руски напади доаѓа по неодамнешните украински удари длабоко на руска територија, во кои, според украински извори, биле погодени нафтени рафинерии и воени објекти на руската армија.

Од своја страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека извело напади врз воени бази во централна и источна Украина, како и врз украинската одбранбена и енергетска инфраструктура, наведувајќи дека станува збор за одговор на претходните украински напади врз руски енергетски објекти.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин призна дека земјата се соочува со недостиг на гориво, што е редок јавен коментар за последиците од нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиите

Премиерот Мицкоски изјави дека владата успеала да го надмине првичниот план и изборно ветување за зголемување од 5000 денари на пензиите, со плус уште 2000 денари. 

Мицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиите

Според него ова покачување довело до подостоинствен живот за пензионерите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер