Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави
2Внесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави
Други спортовиГетлин истрча нов рекорд на митингот во Рим Американскиот атлетичар Џастин Гетлин синоќа на митингот од „Дијаматската лига“ во Рим истрча нов рекорд на минингот на патеката од 100 метри.Тој постигна време 9.75 секунди и за една стотинка беше побрз од досегашниот рекорд (9.76), кој во 2012 година го истрча Усеин Болт. Ова е седмо време на светот остварено на 100 метри, а Гетлин оваа сезона во Доха истата делница ја истрча и за 9.74 секунди. Покрај 33-годишниот Американец Гетлин, во првата тројка беа уште Џими Висан од Франција, кој истрча најдобро лично време – 9.98, како и Мајкл Роџерс од САД со исто време – 9.98 секунди. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран со дронови го нападна Кувајт- загинаа двајца Италијанци Двајца италијански државјани беа убиени во нападот на Иран врз Кувајт. Тие се техничари на компанијата „Рајнметал Италија“, а според изјавата на портпаролот на одбраната на Обединетите Арапски Емирати, тие загинале од „остатоци од беспилотни летала соборени додека одбивале напади врз клучна инфраструктура“, пишува „Ла Република“. Ги штителе земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда Се претпоставува дека техничарите кои загинале биле дел од контингентот војници и цивили распоредени во регионот од март. Целта на таа мисија е да се заштитат земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда и да се обезбеди снабдување на Италија со енергија. Батеријата за противвоздушна одбрана „Рајнметал Скајнекс“ е исто така стационирана во Кувајт. Овој систем се смета за најдобро оружје за одбрана од напади со беспилотни летала.Тагови: Иран Кувајт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаВнесувале лажни податоци за дозволи за лов, нелегално се ловеле диви свињи на Беласица- тројца добија кривични пријави Кривична пријава против три лица од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и ловечко друштво „Беласица“ за „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“ .СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(49), З.В.(63) и Б.К.(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот, вработен во ловечко друштво „Беласица“ од Струмица, внесувајќи неточни и нецелосни податоци во официјалните книги за евиденција на издадени дозволи за лов и потврди за потекло на дивеч и делови на дивеч, имал недостатоци во водењето на службените евиденции, кои бил должен да ги води согласно закон. Второпријавениот, главен инспектор на Сектор за инспекциски надзор во ловството, и третопријавениот, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, во име на Државниот инспекторат, а на барање на ловечкото друштво, издале акт во кој спротивно на законската легислатива и донесените правилници и решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, констатирале дека ловечкото друштво „Беласица“ можело да издава дневни дозволи за дива свиња во ловиштето „Тркајна“ за вршење на таканаречен санитарен отстрел на диви свињи, иако тие воопшто немале концесија за тоа ловиште. Со таквите дејствија тие се обиделе да го оправдаат претходно извршениот незаконит лов од членови на ловечкото друштво „Беласица“, кои претходно под изговор дека вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи и дека наводно спроведуваат заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај дивите свињи, извршиле незаконски отстрел на дива свиња во ловиштето и при вршењето на контролите во друштвото не ги евидентирале недостатоците во водењето на службените евиденции, со што му овозможиле на првопријавениот несанкционирано да продолжи да работи и да издава дневни дозволи за лов и потврди за потекло на дивечот, без да бидат соодветно евидентирани во книгите за нивна евиденција, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаРистовски на средба со претставниците на Европската џиу-џицу федерација Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска.Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со претседателот на Европската џиу-џицу федерација, Мајкл Корн, потпретседателката Дана Мортелманс и со претседателката на Македонската џиу-џицу федерација, Катерина Бошковска, на која се разговараше за организацијата на две значајни меѓународни спортски натпреварувања што ќе се одржат во Македонија, во септември следната година. Станува збор за Балканското првенство во џиу-џицу и Европското првенство во контакт џиу-џицу, на кои се очекува учество на повеќе од 1.300 натпреварувачи. Во рамки на посетата на Скопје, претставниците на Европската џиу-џицу федерација извршија увид во сместувачките капацитети и натпреварувачката сала во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде што ќе се одржат натпреварувањата. Министерот Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка за успешна организација на првенствата. „Организацијата на вакви големи меѓународни натпреварувања е значајна можност за македонскиот спорт и за промоција на нашата држава. Како Министерство за спорт ги поддржуваме ваквите настани и ќе настојуваме да обезбедиме услови Македонија да биде успешен домаќин“ - истакна министерот Ристовски, соопштуваат од МС.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook