Гест за почит на Роналдо : Своите хотели ги претвора во бесплатни болници за коронавирус

Фудбалерот Кристијано Роналдо одлучи да ги претвори своите хотели во болници за да им помогне на луѓето заразени со коронавирус.

Португалскиот фудбалер го напушти Торино и замина на островот Мадеира да ја посети својата мајка.

Испалшен од ситуацијата во Португалија, тој реши да ги претвори сите хотели во здравствени установи и да плати за се што е потребно - опрема, третман на пациенти, медицински професионалци ...

"Целиот свет минува низ тежок период што бара многу внимание во моментот. Денес ви се обраќам не како фудбалер, туку како син, татко, човек кој е загрижен за неодамнешните настани и како тие влијаат на светот. Важно е сите да ги следиме советите на Светската здравствена организација како да се справиме со оваа состојба. Заштитата на човечкиот живот мора да биде пред сè и најзначајно.Со сите луѓе кои изгубиле некого што е заразен, како мојот соиграч Данијела Ругани , секогаш ќе има поддршка од сите фантастични здравствени работници кои го ризикуваат нивниот за да спасат нечиј живот “, објави Кристијано Роналдо на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

притисни ентер