Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит
2Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит
ЖивотГерманските ученици постигнале најлош резултат досега во рамки на студијата на ПисаБез разлика дали се работи за математика или способност за читање, тоа се најлошите резултати досега забележани за германските ученици во студијата на Писа.Германски ученици во рамки на студија на Писа го постигнале својот најлош резултат досега по клучни предмети како природните науки и мајчиниот јазик, а експертите за ваквата состојба како причини ги наведуваат последиците од пандемијата, недостигот од наставници и голем број имигранти. -Без разлика дали се работи за математика или способност за читање, тоа се најлошите резултати досега забележани за германските ученици во студијата на Писа, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Кога станува збор за математиката, германските ученици постигнале 475 поени, значително пониски од 500-те забележани на последното испитување, чии резултати беа објавени во 2019 година. Кога станува збор за читање германски јазик, забележан е и пад од 498 на 480 поени. Резултатите од студијата во Пиза (Programme for International Student Assessment - Програма за меѓународно оценување на учениците), најголемата меѓународна студија од ваков вид, претходно ја шокираа германската јавност затоа што покажуваат значително пониски резултати на германските средношколци во споредба, на пример, со нивните врсници од Скандинавија. Како главни причини за падот во нивото на знаење, особено во сегментот на читање и разбирање мајчин јазик, за Германија се наведуваат голем број деца имигранти кои не зборуваат германски. Во најновото истражување дури 39 отсто од испитаните деца биле од странско потекло, додека во последното истражување уделот бил 25 отсто. Експертите бараат повеќе инвестиции во раното вклучување на децата мигранти во образовните процеси како што се задолжителните градинки. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКвартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијатаСо долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари. -Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и Гудачкиот квартет бр.14 од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат многу концерти. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори. Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на КритПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење. Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем. Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на ХалкидикиТагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евраЦарински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени. Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08