Германски велосипедист Урлих уапсен за напад врз проститутка - Канал 5

Германски велосипедист Урлих уапсен за напад врз проститутка

Поранешниот германски велосипедист Јан Урлих е уапсен за напад врз проститутка во луксузен хотел во Франкфурт.

Германски велосипедист Урлих уапсен за напад врз проститутка

Урлих, кој во 1997 година ја освои трката „Тур де Франс“ и има повеќе олимписки медали, се наоѓа во притвор, а според информациите од полицијата за време на инцидентот бил под дејство на алкохол и дрога.

Од полицијата соопштија дека двајцата прво вербално се расправале, а потоа 44-годишниот Урлих физички ја нападнал и ја повредил.

Тој неодамна беше уапсен и на Мајорка, откако на германскиот актер Тил Швајгер му се заканувал.

Урлих е единствениот Германец кој ја освоил трката „Тур де Франс“. Тој за германските медиуми неодамна изјави дека сопругата го напуштила, како и дека не ги видел трите сина неколку месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија го укина Шенгенот со Шпанија

Италија објави дека го суспендира безграничниот Шенген режим на Европската Унија со Шпанија како одговор на масовните преминувања на мигранти во шпанската енклава Сеута.

Италија го укина Шенгенот со Шпанија

Иако Италија нема копнена граница со Шпанија, мерката ќе влијае на луѓето што патуваат меѓу двете земји со авион или брод.

Италијанското Министерство за внатрешни работи во соопштението наведува дека се договорило и со Париз за зајакнување на контролите по копнената граница меѓу Франција и Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на аеродромот во Белград: Турчин нападна полицаец и извикувал „Алаху акбар“!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција.

Драма на аеродромот во Белград: Турчин нападна полицаец и извикувал „Алаху акбар“!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за гранична полиција, донесоа решение за притвор на Т. Ц. (27), државјанин на Република Турција, врз основа на наредба од јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, под сомнение за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење на службена должност, објави Телеграф.

Драматичен инцидент се случи вчера, 30 јули, на аеродромот „Никола Тесла“ во општина Сурчин.

Како што дознаваме, полициските службеници интервенирале поради претходен физички конфликт што избувнал помеѓу осомничениот Турчин и друг патник. Сепак, за време на самата интервенција, осомничениот одбил да постапи по полициските наредби.

Кога полицајците се обиделе да употребат средства за врзување, Т. Ц. пружил жесток отпор — тој посегнал и го зграпчил огненото оружје на полицаецот, обидувајќи се да го извади од футролата!

Со брза реакција на припадниците на МУП, осомничениот беше совладан и му беа ставени лисици, додека цело време извикуваше „Алаху Акбар“.

Се бранеше со молчење, обвинителството бара притвор

Осомничениот беше испрашуван пред јавниот обвинител на Третото основно јавно обвинителство во Белград, каде што изјави дека нема да коментира за околностите на извршување на кривичното дело, односно го оствари своето законско право да молчи.

Со оглед на тоа што осомничениот нема регистрирано постојано или привремено живеалиште на територијата на Република Србија, како и дека постојат јасни околности што укажуваат на ризик од бегство, Третото основно јавно обвинителство поднесе предлог до надлежниот суд да му се одреди притвор на Т. Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.

Мицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут

Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави.

Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер