Германската принцеза на насловната на „Плејбој“ покриена со парче ткаенина - Канал 5

Германската принцеза на насловната на „Плејбој“ покриена со парче ткаенина

Еве што ѝ порачала мајка ѝ!

Германската принцеза на насловната на „Плејбој“ покриена со парче ткаенина

Ова не е првпат познатата дама да се однесува „послободно“.

Ксенија Флоренс Габриела Софи Ајрис (37) е принцезата на Саксонија, која предизвика вистинска бура со своето појавување на насловната страница на германскиот Плејбој за март 2024 година. Оваа убавица е првата аристократка што позирала за ова познато списание. Фотографиите на принцезата во проѕирна бела долна облека речиси ништо не ѝ препуштаат на фантазијата, но Ксенија тврди дека овој потег бил возбудливо искуство за неа.

Семејна поддршка

Ксенија истакнала дека пред да одлучи да се појави во магазинот Плејбој побарала мислење од нејзината мајка, која ја поддржала. Овој потег предизвикал различни реакции во нејзиното семејство, а самата принцеза изјавила дека добила поддршка дури и од членовите на семејството со кои не контактирала со децении.

Порака за прифаќање на сопственото тело

Една од целите на оваа провокативна фотосесија е да им покаже на жените дека сите тела се убави такви какви што се. Ксенија отворено зборуваше за своите размислувања за естетската хирургија, но на крајот одлучила да биде горда на своето тело такво какво што е, со сите негови уникатни карактеристики.

Од принцеза до ѕвезда на реално шоу

Ксенија не ѝ е непозната на јавноста, со оглед на тоа што веќе стекна популарност како учесничка во реално шоу. Таа истакнала дека пораснала пред камерите и дека оваа популарност влијаела и на нејзините љубовни предизвици, нагласувајќи дека не е секогаш лесно да се биде принцеза, особено кога станува збор за пронаоѓањето вистински партнер.

Реакции по повод провокативните фотографии

Критиките за нејзиното појавување во Плејбој беа неизбежни, но Ксенија има јасна порака за сите скептици - таа е принцеза и има право да прави што сака. Овој храбар потег го претставува нејзиниот личен израз на слобода и независност.

Кога станува збор за тоа што е потребно за некој да ја импресионира, принцезата Ксенија истакнува дека хуморот е најпривлечната работа кај некого. Таа, исто така, го сподели и своето чувство дека за овој нејзин потег имала поддршка од нејзиниот предок, последниот крал на Саксонија, што дополнително говори за симболичното значење на ваквата одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..

Андраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на Унгарија

Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер