Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
1Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
ЕвропаГерманија воведува воена обврска на доброволна основаБундестагот денеска го одобри повторното воведување на делумна воена обврска за да го зголеми составот на своите вооружени сили како одговор на новите безбедносни предизвици.- Слободите во демократијата не се бранат сами од себе. Ова мора да го преземат луѓе кои се подготвени да застанат зад овие слободи, а не оние кои седат зад оградата и чекаат некој друг да го стори тоа наместо нив, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) во дебатата пред гласањето. Според новиот Закон, воената обврска е на доброволна основа. Во случај да не се појават доволно доброволни регрути во одредени години, Бундестагот би можел да воведе така наречена воена обврска на краток рок. Исто така, ќе воведе задолжително пополнување на прашалник за подготвеност за воена служба и воени способности, кој би го пополнувале членови на генерацијата кои наполниле 18 години. Пополнувањето на овој формулар е задолжително само за млади мажи. Според договорот на ниво на НАТО, Германија се обврза на 260.000 активни војници во германската армија, Бундесверот. Моментално во редовите на Бундесверот служат 185.000 регрути. Доброволната воена служба би траела шест месеци, а се очекува месечна плата од 2.600 евра. Утрово, за време на дебатата во Бундестагот, низ цела Германија се одржаа протести против повторното воведување на воената служба. Протестите, на кои најмногу учествуваа средношколци, се одржаа под слоганот „Не сакаме да бидеме топовско месо“. Воената служба беше укината во Германија во 2011 година поради уставни пречки, бидејќи системот на воена обврска не можеше да обезбеди дека членовите на цела генерација ќе ја отслужат воен рок. Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБелгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија23 светски фудбалски шампионат во осминафиналето остана и без последниот, трет домаќин, селекцијата на САД. Белгија ги победи САД со 4–1 во најконтроверзниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство. Херој на победата беше Шарл де Кетеларе, кој постигна голови во 9. и 33. минута и асистираше за голот на Ханс Ванакен во 57. минута. Ромелу Лукаку постигна гол во 93. минута откако влезе во игра од клупата за резерви. Малик Тилман го постигна единствениот гол за САД од слободен удар во 31. минута. Во четвртфиналето Белгија ја очекува дуел против актуелниот европски шампион големиот фаворит за завршницата селекцијата на Шпанија.Мундијалското европско дерби ќе остане запишано и во историјата како последен меч во репрезенативниот дрес на Португалија на светската ѕвезда Кристијано Роналдо. Шпанците синоќа го добија европскиот класик во осминафиналето против големиот ривал Португалија со гол на Мерино во судиското надополнување. Инаку, мечот Белгија - САД имаше тензија уште пред да започне поради еден од најголемите скандали во историјата на Светското првенство, откако ФИФА – наводно под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп – ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Тој доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, но неговата суспензија беше одложена, што му овозможи да игра против Белгија. Сепак, дури ни тој не можеше да им помогне на САД да дојдат до победа.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МетеоСончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 7. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07