Германија со парите за инфраструктура и климатски промени ги пополнувала дупките во буџетот - Канал 5

Германија со парите за инфраструктура и климатски промени ги пополнувала дупките во буџетот

Германската влада досега користела милијарди евра кредити од посебен фонд за инвестиции во инфраструктурата и климатски акции, главно за пополнување на буџетските „дупки“, според анализата на германскиот институт Ифо, објавена денеска.

Германија со парите за инфраструктура и климатски промени ги пополнувала дупките во буџетот

Минатата година беа достапни околу 24,3 милијарди евра кредити како дел од посебен фонд за обнова на инфраструктурата и климатски акции, но дури 95 проценти од тие пари всушност не беа искористени за инвестиции, откри Институтот Ифо со седиште во Минхен.

„Откривме дека политичарите ги користеле речиси сите средства финансирани од долг за други цели, имено за покривање на буџетските дефицити“, рече претседателот на Ифо, Клеменс Фуест.

„Тоа е голем проблем“, нагласи Фуест.

500 милијарди за инфраструктура и клима

По изборите во февруари 2025 година, конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите ги протуркаа плановите што предвидуваа ублажување на строгите регулативи за долгови и ослободување на стотици милијарди евра за стимулирање на економијата во криза.

Договорот создаде посебен фонд од 500 милијарди евра за инвестиции во инфраструктура и мерки поврзани со климата, кои треба да се потрошат во текот на следните десет години.

Во август минатата година, централната банка на Германија ја критикуваше владата за тоа што не успеала да насочи значителен дел од новиот долг во инвестиции.

Инвестициите се зголемија за само 1,9 проценти

Истражувањето на Ифо проценува дека инвестициските трошоци на германската влада минатата година достигнале 69,9 милијарди евра, само 1,9 проценти повеќе отколку во 2024 година, и покрај задолжувањето преку посебен фонд за дополнителни 24,3 милијарди евра.

Парите се потрошени делумно поради намалувањето на основниот буџет за 2025 година, забележува институтот, со префрлање на „поединечни ставки“ во фондот, вклучувајќи ги и субвенциите за транспортниот сектор, според авторката на студијата, Емили Хеслингер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер