Германија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Усманов - Канал 5

Германија ја заплени јахтата на рускиот олигарх Усманов

 Германските власти заплениле луксузна јахта вредна речиси 600 милиони долари од рускиот олигарх Алишер Усманов .

Германија ја заплени јахтата на  рускиот олигарх Усманов

Супер луксузната јахта е запленета поради санкциите кон Русите што ги воведоа западните земји по руската инвазија на Украина, објави Форбс, повикувајќи се на блиски извори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека до изборите остануваат околу педесет дена и дека ќе поднесе оставка кога ќе ги заврши сите државнички обврски и планираните посети во странство.

Вучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува

„Ќе имам многу посети и многу важни работи што ја засегаат државата. Во меѓувреме имате и национален празник, 15 септември, Денот на националното единство и знамето. Пред тоа имаме голема воена вежба на Пештера, потоа патување во Бања Лука на свечена академија, патување во Њујорк и говор во Обединетите нации и многу, многу средби со светски претставници“, изјави Вучиќ за Pink во Ниш, пренесе Телеграф.

Тој додаде дека пред тоа ќе биде домаќин на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и дека најверојатно ќе оди во Париз и ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Потоа, кога ќе се вратам, ќе поднесам оставка и ќе бидам обичен граѓанин кој оди да разговара со граѓаните, со народот и да се бори за нивната поддршка и доверба“, рече Вучиќ.

Осврнувајќи се на неодамнешната прес-конференција на „студентите во блокадата“ на која беше наведено дека државата ги шпионирала, Вучиќ рече дека дури и тие знаат дека не биле прислушкувани.

„Кога не знаете што да правите, тогаш извадете некои деца и оставете ги да кажат дури и она што не знаат како да го кажат. Затоа имаше голема трема, не можат ни да кажат што некој им рекол да кажат. А службата дури знае дека тие знаат дека не биле прислушкувани, но тоа е работата на службата, не сакам да се занимавам со такви работи“, рече Вучиќ.

Во врска со ова, Вучиќ изјави дека поединци користеле вакви трикови и во Македонија.

„Потоа, Македонија го смени името и сè друго. Понекогаш кога го правите тоа, тој оригинал може да помине. Тоа повторување и копии секогаш изгледаат како фарса. Па така, се обидоа да го повторат истото по 5 октомври, а сега се обидуваат да го применат македонското сценарио. Сè е фарса и не поминува. Нашиот народ е многу попаметен од тоа“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО)

Пожарот што ноќеска изгоре шест куќи и колиби во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија е ставен под контрола, изјави денеска албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи.

Шест куќи изгореа ноќеска во албанското летувалиште Химаре, пожарникарите и натаму на терен (ВИДЕО)

Нуфи рече дека пожарникарите се уште се на терен за конечно да го изгаснат пожарот, објавува „Еуроњуз“.

„Во Химаре е целосно мирна ситуацијата, целосно контролирана ситуација“, рече Нуфи.

Според него, повеќе од 170 припадници на вооружените сили, над 300 пожарникари и повеќе од 21 противпожарни возила учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, а воздушната интервенција во познатото летувалиште започнала утрово во 6:30 часот.

„Немало загуба на животи или штети на бизниси, благодарение на интервенцијата и посветеноста на сите службени лица“, нагласи Нуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси и Роналдо за прв пат ќе изграат заедно- се подготвува голем фудбалски спектакл

Фудбалските фанови имаат голема чест и среќа да живеат во ерата на веројатно двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, кои се туркаат еден со друг до незамисливи граници повеќе од 20 години. 

Меси и Роналдо за прв пат ќе изграат заедно- се подготвува голем фудбалски спектакл

Тоа се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се лути соперници на теренот повеќе од 20 години.

Ова беше особено случај кога Меси играше за Барселона, а Роналдо за Реал Мадрид, каде што имаа безброј битки во кои љубителите на фудбалот можеа само да уживаат.

Тие имаа и дуели во националниот тим, каде што Меси го носеше дресот на Аргентина, а Роналдо дресот на Португалија.

Единственото нешто што никогаш не сме го виделе кога станува збор за нив е дека се соиграчи. Бидејќи Меси моментално игра во Америка за Мајами, а Роналдо за Ал Наср во Саудиска Арабија, шансите да играат до крајот на кариерата во истиот клуб се минимални.

Сепак, наскоро би можеле да ги видиме во истиот тим на теренот!

Имено, Карлос Тевез го најави својот проштален натпревар во декември. Легендарниот аргентински напаѓач е добар пријател со Меси од националниот тим, додека е пријател и со Роналдо од времето кога играше за Манчестер Јунајтед.

Тевез објави дека и Меси и Роналдо ќе бидат на неговото збогување, што ќе му даде на овој настан поинаква димензија и ќе биде спектакл каков што фудбалот никогаш порано не видел!

Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат таму. Ќе одам и самиот ќе ги донесам ако треба. Ги имам двајцата на WhatsApp - рече Карлос Тевез.

Тевез ја заврши кариерата во 2021 година, а во текот на својата кариера играше за Бока Јуниорс, Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Шангај Шенхуа.

Најголемиот период од својата кариера го помина во Бока, каде што играше во три наврати, а негова желба е збогумскиот натпревар да се игра на легендарниот „Бомбоњере“ во Буенос Аирес.

Тевез одигра 76 натпревари за аргентинската репрезентација и постигна 13 гола.

По завршувањето на играчката кариера, стана тренер, а досега ги водеше Росарио Централ, Индепендиенте и Талерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер