СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
2СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ЖивотГерманците со солзи и пораки ги пречекуваат украинските бегалци и им нудат сместување (ВИДЕО)На главната железничка станица во Берлин пристигнуваат возови, кои носат бегалци од Украина - мажи, жени и деца кои бегаат од војната во својата земја.На станицата ги пречекуваат германски граѓани кои се подготвени да им понудат сместување на бегалците. На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки на кои се гледа како Германците ги пречекуваат луѓето од Украина. Многумина доаѓаат со транспаренти на кои пишува „Можам да угостам двајца“, „Можам долгорочно да ве угостим“, „Децата се исто така добредојдени“ ... Thousands of people in Berlin have gone to the central train station to offer fleeing Ukrainians a place to stay. Really moving. pic.twitter.com/OReuMnHcfk — Marcel Dirsus (@marceldirsus) March 3, 2022 „Илјадници луѓе доаѓаат од Берлин да понудат сместување. Ова е апсолутно неверојатно. Луѓето нè поддржуваат“, изјави една од жените кои ја напуштиле Украина. "Бев многу исплашена и морав да излезам од тој пекол. Сега сум тука, се надевам дека сум на безбедно место", додала друга. More scenes from the train station in Berlin. Helpers are pairing Ukranian refugees with hosts waiting to take someone into their home. 'They speak French. Anybody? You? One adult, three children.' And the woman ready to host them comes forward. https://t.co/3vXpTE8l02 — Helene von Bismarck (@HeleneBismarck) March 3, 2022 Од неделата секој што има украински пасош или лична карта може бесплатно да патува со воз до Германија. Во текот на вечерта, волонтерите им помагаат на дојденците со тоа што ги пречекуваат со храна и пијалок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Шоу бизТрамп помилува десетици луѓе, меѓу кои и долгогодишниот соработник на Џеј Зи Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела помилува 30 лица, вклучувајќи го и Емори Џонс, долгогодишен соработник на рап-могулот Џеј-Зи, објави „помилувачката“ од Белата куќа, Алис Мари Џонсон.Џонс отслужи речиси 16 години во федерален затвор поради обвиненија за дрога, напиша Џонсон во објава на социјалните мрежи во која ги објави помилувањата. Џеј-Зи, чија компанија „Рок Нејшн“ работеше, исто така побара казната на Џонс да биде ублажена во писмо до судијата. „Њујорк тајмс“ објави дека меѓу другите помилувани е и поранешен синдикален шеф во Филаделфија осуден за поткуп и поранешен морнар во морнарицата затворен за прекршоци поврзани со огнено оружје. Трамп одобри помилувања за кривични пресуди и ублажи и намали казни за повеќе од 1.700 лица од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаМицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работаНемам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме. Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава. До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат. Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно. Така што уште еднаш нека ни е со среќа и нека ни се множат вакви проекти.“, рече премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на ФејсбукСоветникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест. Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите. За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување. Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ. Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук. Ова се истите методи на Вучиќ во Србија. Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ. Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите. Нема да ви помине! Доаѓа време на вистина и правда. Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter