Германците со благо се простуваат од канцеларката- направија марципан Меркел (ФОТО)

По 16 години дефинитивно заврши ерата на канцеларката Ангела Меркел,таа  се повлекува, а традиционалниот производител на марципан се надева дека ќе го заслади нејзиното заминување со специјален сувенир за нејзините обожаватели.

"Тоа е сувенир за обожавателите, или не-фановите на Ангела Меркел која ја заврши својата служба. И така се надеваме дека едното или другото лице ќе ја постават некаде дома", вели Томас Зубер, менаџер на Оденвелдер Марципан во покраината Баварија во југозападна Германија.

„Ги направивме така да траат две години, за луѓето да можат да го продолжат времето на Меркел за уште две години“, додава Зубер со насмевка.

Слаткарот со марципан работи 40 години, и додека семејниот бизнис сега има машини за да направи дел од масовното производство, се држел и до своите вештини за рачна изработка.

"Г -ѓа Меркел ни е специјално издание. Ќе произведеме околу 500 парчиња", рече Зубер. Компанијата дизајнирала рачно изработен калап Меркел, што потоа се полни со марципан.

Слаткарот дошол до идеја за сувенир со Меркел пред неколку месеци и работеле на комплетирање на линијата со својот тим од осум лица. На првата серија ќе и требаат два дена за да се заврши, зашто се состои од осум фази на подготовка.

Сега веќе во земјата почна трката за нов канцелар на Германија. Изборите на 26 септември ги ставаат кандидатот на социјалдемократите Олаф Шолц против конзервативниот ривал Армин Лашет и Аналена Бербок од Зелените, пишува Ројтерс.

Дневен хороскоп за 25. септември 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 25. септември 2021 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје и совет

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје и совет

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје и совет

Се е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје и совет

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје и совет

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје и совет

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје и совет

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје и совет

Уживајте во секој момент.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје и совет

Премногу се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје и совет

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје и совет

Бидете искрени кон сите.

Русин си го убил пријателот,кој му ја силувал ќеркичката- го натерал сам да си го ископа гробот

Русинот кој признал дека го убил својот долгогодишен пријател, за кого се верува дека ја силувал неговата шестгодишна ќерка, го натерал самиот да го ископа сопствениот гроб, а потоа го прободел во градите, пишува британски Мирор.

Според полицијата, педофилот Олег Свиридов (32) на својот мобилен телефон чувал снимки на кои се гледа како злоставува неколку деца во селото Винтаи во рускиот регион Самара.

Работникот во фабрика за ракетни мотори, Вјачеслав М. (34), се пиел со Свиридов, кога видел снимка на мобилниот телефон на која се гледа како ја силува неговата ќерка, која сега има девет години.

Го нападнал Свиридов, кој набргу избегал. Педофилот бил близок пријател на семејството на Вјачеслав и знаел како да се приближи до малото девојче во неколку наврати, сексуално злоупотребувајќи ја.

Вјачеслав ги пријавил силувањата во локалната полиција, која започнала потрага по Свиридов, но таткото успеал да го најде пред полицијата и го избодел со нож. Таткото и рекол на полицијата дека се скарал со Свиридов во шумата и дека тој „налетал на нож“ за време на расправијата.

Тој рекол дека немал намера да го убие. Наводно, Вјачеслав им рекол на пријателите дека го натерал Свиридов да ископа гроб за да го исплаши, но потоа и рекол на сопругата дека Свиридов се обидел да го прободе, принудувајќи го да му возврати со лопата.

Телото на педофилот било пронајдено во близина на селото, повеќе од една недела откако Вјачеслав ја видел снимката на неговиот мобилен телефон. Полицијата го уапсила таткото и започнала истрага за целиот случај.

Новинар на Си-Ен-Ен е обвинет за сексуално вознемирување на својата поранешна шефица: Жал ми е

Поранешната извршна продуцентка на ABC, Шели Рос, го обвинила новинарот на Си -Ен -Ен, Крис Куомо, дека сексуално ја малтретирал на деловна забава во 2005 година.

Таа тврди дека Куомо ја фатил за задникот пред нејзиниот сопруг и соработниците. Наводно, подоцна тоа го нарекол „срдечен поздрав“.

Шели Рос детално го опишала инцидентот во написот што го објави денеска Њујорк тајмс, за кој вели дека се случило во бар на Горен Вест Сајд.

Таа пишува дека Куомо потоа и порачал по е-пошта дека се срами, но тој исто така се обидел да објасни дека неговите постапки се разликуваат од она за што тогаш бил обвинет актерот Кристијан Слејтер.

Рос во тоа време работела како извршен продуцент на забавната програма на ABC, но претходно му била шефица на Куомо во емисијата Primetime Live на ABC.

"Бев на забава со мојот сопруг, кој седеше зад мене и пиеше кола без шеќер додека разговарав со пријателите од работа. Кога г-дин Куомо влезе во барот, тој отиде кај мене и ме пречека со силна прегратка и со едната рака цврсто го фати мојот задник “, пишува Рос.

„Можам да го направам ова сега кога веќе не си ми шефица“, ми рече со својата ароганција. „Не, не можеш“, реков и го оттурнав од мене, по што го виде мојот сопруг како седи зад мене, кој виде се` одблизу. Набрзо си заминавме“, напишала Рос.

После тоа, на 1 јуни 2005 година, Куомо и` испратил е-пошта со натпис: „Сега кога размислувам за тоа, се срамам“.

Тој ги споредил своите постапки со актерот Кристијан Слејтер, кој беше уапсен еден месец претходно за сексуално вознемирување на жена на улица во Њујорк, откако ја фати за задникот. Подоцна обвиненијата против Слејтер биле отфрлени.

„Иако мојот срдечен поздрав требаше да покаже дека ми беше мило што ве видов, Кристијан Слејтер беше уапсен за слично дело ,иако наводно имал лоши намери, за разлика од мене“, напишал Куомо.

"Пренесете му ги извинувањата на вашиот многу добар и благороден сопруг. И јас ви се извинувам што некогаш ве ставив во таква позиција. Следниот пат ќе се сетам на оваа лекција, без разлика колку ќе бидам среќен, што ве гледам".

Рос се прашува во текстот дали Куомо се срамел од своите постапки или само затоа што сведочел нејзиниот сопруг. Таа, исто така, тврди дека Куомо се обидел „законски да го разликува“ своето однесување од однесувањето на Слејтер.

Откако е објавен текстот, Куомо проговори.

"Како што признава Шели, нашата интеракција не беше од сексуална природа. Тоа се случи пред 16 години во јавен амбиент, во време кога таа беше врвен директор на ABC. Тогаш и се извинив и навистина го мислев тоа", напишал Куомо.

притисни ентер