Германците пресметаа стотици милиони загуба во Бундеслигата поради коронавирусот

На светскиот спорт му се заканува сериозен финансиски колапс поради коронавирусот, а германската Бундес лига објави дека ќе има најмалку 750 милиони евра загуба доколку не продолжи овогодинешниот шампионат.

ДПА тврди дека загубата ќе биде уште поголема затоа што милионските договори за продажба на телевизиските права на Бундеслигата ќе престанат да важат, иако ќе настојува да ја продолжи сезоната по секоја цена. Доколку првенството се прекине по само 25 кола, наместо вообичаените 36 , 370 милиони евра би се изгубиле само од ТВ-правата, затоа што во договорите со телевизиите има клаузула да  не се плаќа за неиграното коло.

Повеќе од 100 милиони евра губи  Бундеслигата поради загуба на спонзорските договори, а во Германија профитот од гледачите не е занемарлив. Претседателот на најбогатиот клуб Баерн, Карл-Хајнц Румениге, стравува дека малите клубови нема да ја преживеат кризата бидејќи зависат од приходите од продажбата на правата за трансфер. Тој смета дека треба да се игра и покрај епидемијата.

Во понеделник во Франкфурт ќе се одржи итна средба на претставниците на сите клубови со цел да се најде решение за завршување на шампионатот до 30 јуни. Како резултат, Германците ќе бараат одложување на Европското првенство, што треба да започне во јуни.

притисни ентер