МакедонијаГерасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смениГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат безбедносните ризици на своите згради( фасади и покриви), како и апел до општествено одговорни фирми и партнери да се вклучат со својата механизација во расчистувањето на паднатите кровни конструкции. Дополнително, хигиеничарите на ПОЦ ќе бидат распоредени во неколку смени за да бидат постојано присутни на терен и да помагаат во расчистувањето на паднатите дрва, гранки и други остатоци. „Безбедноста сега е клучна. Мора да има координација меѓу куќните совети и станарите, а солидарноста и одговорноста мора да бидат на високо ниво. Нашите екипи на терен се поделени во две смени, а попладневната екипа е подготвена да реагира и доколку има ново невреме. Дополнително, и администрацијата во Општината доби наредба да се вклучи во напорите за расчистување. Сите сили мора да ги впрегнеме заедно, затоа што станува збор за елементарна непогода,“ истакна Герасимовски. Во текот на синоќешните и денешните активности се расчистени повеќе локации низ Центар. Со тешка механизација се подигнати лимените конструкции од крововите на повеќе места, меѓу кои во Буњаковец, на улицата Благоја Давков , спроти трговскиот центар „Рамстор“ и кај „Агромеханика“. Во исто време интензивно се работи на отстранување на паднати дрва, гранки и шут низ улиците. Герасимовски уште еднаш ги повика граѓаните да останат внимателни и да се вклучат во заедничките напори за побрзо справување со последиците од невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16