Герасимовски додели признанија на најдобрите училишни театарски претстави - Канал 5

Герасимовски додели признанија на најдобрите училишни театарски претстави

Во чест на Светскиот ден на театарот 27 март, Општина Центар организираше завршен настан од проектот „Театарот, уметност на емоции“, на кој беа прогласени победниците од натпреварот за најдобра ученичка театарска претстава. 

Герасимовски додели признанија на најдобрите училишни театарски претстави

Градоначалникот Горан Герасимовски ги додели признанијата и паричните награди на трите најдобри училишта, кои со својата посветеност и креативност го воодушевија жирито и учениците.

Првото место го освои ООУ „Киро Глигоров“ со претставата „Убавицата и ѕверот“, која доби највисоки 169 поени. Второто место му припадна на ООУ „Гоце Делчев“ за претставата „Девојчето и куклата што патува“ од Франц Кафка, со 168 поени, додека пак третото место го освои ООУ „Кочо Рацин“ со претставата „Времеплов“ авторско дело на наставниците од истото училиште, која собра 163 поени. Најдобрите училишта освоија и финансиски награди: 30.000 денари за првото место, 20.000 денари за второто место и 10.000 денари за третото место.

Градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично го проследи настапот на учениците, истакна дека театарската уметност има големо значење за развојот на учениците и нивната способност за комуникација, креативно размислување и тимска работа.

„Преку театарот децата учат да изразуваат емоции, да градат критичко размислување и да комуницираат на подлабоко ниво. Горди сме што преку овој проект успеавме да поттикнеме љубов кон уметноста и да создадеме платформа каде што нивните таленти можат да блеснат. Честитки за сите учесници, а особено за победниците – вашата работа и посветеност покажуваат дека македонската театарска сцена има светла иднина“, рече Герасимовски.

Дополнително, беа доделени признанија и во индивидуални категории: најдобра женска улога – ученичката Мила Србиновска од ООУ „11 Октомври“ за улогата на госпоѓа Балабакова од делото „Чернодрински се враќа дома” пд Горан Стефановски, најдобра машка улога – ученикот Лав Тодоровски Чајка од ООУ „Коле Неделковски“ за улогата на Спиридон од делото „Адска машина” на Венко Андоновски, како и награда за најдобра костимографија доби ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Проектот „Театарот, уметност на емоции“ се реализираше во осум основни училишта на територија на Општина Центар, а заврши со свечена манифестација во пресрет на 27 март – Светскиот ден на театарот.

Општина Центар продолжува да вложува во културниот развој на младите, создавајќи простор за креативност, уметност и инспирација.

Општина Центар

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

 Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.

Движењето ЗНАМ за наша Македонија почна кампања „Заедно повеќе знаеме“

Дел од раководството на Движење ЗНАМ - За Наша Македонија предводено од претседателот на партијата, Максим Димитриевски, синоќа оствари средба со членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово, како дел од кампањата „Заедно знаеме повеќе“ во насока на подготовки за локалите избори.

Од Движењето ЗНАМ соопштија дека целта е раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, коишто ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување

со општинските буџети, соопшти паријата.

Од партиското ртаководство, покрај Димитриевски присуствувале и организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска.

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, синоќа во 21:20 часот го лишиле од слобода В.К.(51) од Куманово.

Приведен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Како што соопшти денеска МВР, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0.

Милан го декласира Интер и се пласираше во финалето на Купот на Италија

Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.

Во првиот натпревар екипите одиграа нерешено 1:1, па така со вкупни 4:1 Милан се пласираше во финалето.

Вториот финалист ќе биде одреден вечер по натпреварот Болоња - Емполи (прв натпревар – 3:0).

притисни ентер