Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ
2Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ
3Џерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работи
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканГерапетритис: Пристапниот процес на земјите од регионот во ЕУ треба да продолжи Грција секогаш останува во првите редови за активирање на сите можни механизми за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Поддршката на Грција за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, уште еднаш ја повтори шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис од Њујорк во изјава за државната телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис се осврна на активностите на грчката делегација на Генералното собрание на ОН и истакна дека имале значајни средби и на регионално ниво, како што е состанокот за земјите од Југоисточна Европа и истакна дека ЕУ перспективата на регионот носи придобивки за сите. -Грција секогаш останува во првите редови за активирање на сите можни механизми за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Пристапен процес кој треба да продолжи за доброто и просперитет на регионот, на Европа и на народите од земјите од Југоисточна Европа, истакна шефот на грчката дипломатија. За односите со Турција, Герапетритис рече дека во пресрет на 7 декември, кога ќе се одржи Високиот совет меѓу двете земји во Солун, очекуваат позитивни и конкретни резултати за развојот на билатералните односи, на регионален просперитет и развој на поширока соработка. На Генерално собрание на Обединетите нации, Грција ја промовира и својата кандидатура за учество како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025-26 година и во овој контекст, Герапетритис за ЕРТ објасни дека имале низа средби, мултилатерални, регионални и билатерални. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапиЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост поради растот на доспеаните, а неплатени обврски на државата, кои на крајот на јуни 2026 година изнесуваат речиси 700 милиони евра.Според податоците на Министерството за финансии, објавени во новата „должничка листа“, доспеаните и неплатени обврски изнесуваат 692,5 милиони евра. Тоа е зголемување од повеќе од 26 милиони евра за само шест месеци, а во однос на март годинава долгот е зголемен за дополнителни 17,5 милиони евра. Се работи се пари кои што им се должат на компании, граѓански организации, јавни институции и други субјекти, од кои само обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор достигнале над 315 милиони евра, што значи дека државата доцни со плаќања кон оние кои секојдневно ја одржуваат економијата во живот. Граѓаните имаат право да знаат зошто државата бара од нив редовно да ги плаќаат своите обврски, додека самата држава создава милионски долгови кон приватниот сектор и институциите. Истовремено, граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за секојдневното живеење, поскапи услуги и повисоки банкарски трошоци. Додека семејствата внимаваат на секој потрошен денар, државата дозволува да се наталожат стотици милиони евра неплатени обврски, а граѓаните дополнително плаќаат провизии и административни трошоци за да располагаат со сопствените пари. Не може да зборуваме за здрава економија ако државата доцни со плаќањата, јавните претпријатија создаваат огромни долгови, а трошокот за неефикасноста на системот на крајот го плаќаат граѓаните. Бараме Владата и Министерството за финансии јавно да објаснат кои се причините за растот на доспеаните и неплатени обврски и кога и како ќе бидат намирени обврските кон приватниот и граѓанскиот сектор? Кои мерки планираат да ги преземат за да се спречи понатамошно задолжување на државните компании и како ќе обезбедат финансиска дисциплина во државните и локалните институции; ЛДП смета дека со јавните пари мора да се управува одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните, а не за одржување на неефикасен систем на државни компании и институции. Државата не смее да биде најголем должник, додека граѓанинот е најредовен плаќач. На граѓаните им треба економија во која државата ги плаќа своите сметки навреме, банките не ги оптоваруваат со непотребни провизии, а институциите работат ефикасно и одговорно. Тоа е суштината на либерално-демократската политика - помалку непотребни трошоци, повеќе одговорност и повеќе пари во рацете на граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, да го потсетиме вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУВенко Филипче откако се врати од одморот на Егејот со неговиот другар Зоран Заев продолжи со истиот речник на лаги, манипулации. И неколку дена го слушавме како се фалеше што обвинителството непокренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти. Замислете Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвнителството и обвинителот Ислам Абази, човек близок на ДУИ и СДС. Абази и овој пат, иако во заминување покажа дека се уште работи за газдите, СДС и ДУИ. И кратко да потсетиме што направи овој пат обвинителот. Застана зад Филипче кој дозволил изградба на модуларните надвор од сите правила на законот за градење, мислел само на задоволување на личните и партиските интереси, не ги слушал стручњаците од Министерството за здравство. Ваквите одлуки на обвинителот во заминување Абази, и носат штета на Македонија во она што значи владење на право, пат кон ЕУ. Оттука СДС и Филипче не треба да се фалат со вакви постапки кои практично и штетат на Македонија. Воедно клучно е да се има во вид дека во случај на евентуално нови докази може да има повторно постапка за истото дело. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЏерусалем Пост: Македонија ги направи односите со Израел „приоритет на надворешната политика“, изјави министерот за надворешни работиМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави за „Џерусалем пост“ дека неговата прва официјална посета на Израел има за цел да ги подигне веќе „одличните“ односи на следно ниво.Македонија го направи зајакнувањето на односите со Израел приоритет на својата надворешна политика и се стреми да ја прошири соработката во областите од одбраната и инвестициите до туризмот и управувањето со водите, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за „Џерусалем пост“ за време на неговата прва официјална посета на Израел. Муцунски даде интервју за „Пост“ во Ерусалим во понеделник по разговорите со министерот за надворешни работи Гидеон Саар, за време на кратката посета фокусирана главно на проширување на билатералните врски. „Имавме многу силни односи со Израел, но и со Гидеон, во последните неколку години“, рече Муцунски. „Мислам дека оваа посета е можност да се помести билатералниот однос на следното ниво, да се поместиме од местото каде што сме сега, што се одлични билатерални односи, кон тоа тој однос да се развие во различни области од меѓусебно значење.“ Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, при неговата прва посета на Израел изјави дека Македонија сака подлабоки врски во одбраната, туризмот и инвестициите. Од „Џерусалим пост“ во фејсбук објава потенцираа дека по пожарот во кој загинаа 63 лица во Кочани, Израел испрати лекари кои работеа заедно со македонските тимови. Тагови: Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26