Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа - Канал 5

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Нашите односи со Македонија се наоѓаат на исклучително задоволително ниво, билатералните односи се развиени во последните пет години, многу повеќе во споредба со претходните 15 години .

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Нашите односи со Македонија се наоѓаат на исклучително задоволително ниво, билатералните односи се развиени во последните пет години, многу повеќе во споредба со претходните 15 години и се наоѓаат во континуирана динамика, но, мора да бидеме јасни дека придржувањето кон Договорот од Преспа ќе треба да биде строго и целосно за можеме да разговараме на исто ниво, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис одговараше на пратеничко прашање на пратеничката од СИРИЗА Рена Дуру околу трите меморандуми за соработка со Македонија кои од 2019 година сè уште не се донесени во Парламентот за ратификација.

-Предвидените меморандуми ќе дојдат за ратификација во Парламентот во време кое грчката држава ќе го оцени како соодветно и секогаш поврзано со правилното и добронамерно спроведување на одредбите од Договорот од Преспа, рече Герапетритис.

Уште еднаш повтори дека Договорот од Преспа е меѓународен договор што не може да се измени од никоја од страните, посочи дека грчката Влада внимателно го следи спроведувањето, а паралелно детално се осврна и на промената на пасошите, за кое посочи дека „сè уште не постои целосна усогласеност“.

Појасни дека „прилагодувањето на патните исправи е поврзано со петгодишниот технички преоден период што го имаше соседната земја“.

-Имаше можност во периодот од пет години да ги направи потребните прилагодувања, како во однос на патните исправи, така и во однос на регистарските таблици на приватните возила. Ова до денес не е завршено, не поради одговорност на Грција, туку не е завршено бидејќи имаше бирократски, организациски или други проблеми од страна на Македонија, рече Герапетритис.

Додаде дека Грција има „политичка должност“ да го следи доследното спроведување на Договорот во овие прашања и, како што рече, кога постои неусогласување или непочитување да реагира.

-Грчката Влада и Министерството за надворешни работи ги направија сите неопходни дејствија, токму поради недоволната усогласеност на патните исправи и нивното прилагодување на новото име. Во врска со ова е и формалното и официјално информирање на властите во странство, на грчките дипломатски претставништва, на властите во ЕУ како и државите членки на Европската Унија за да постои целосно разбирање на имплементацијата на Договорот од Преспа, посочи шефот на грчката дипломатија.

Објасни дека без разлика дали некој се согласува или не со одредени поглавја од Договорот на Преспа, „за кои навремено беше посочено“, денеска договорот е „законски текст, кој не може да се модифицира, ја обврзува грчката држава, го обврзува грчкиот Парламент“.

Паралелно уште еднаш ја повтори и истакна грчката поддршка за европската интеграција не само на Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан.

-Реалноста е дека освен придобивката што ќе ја имаат самите земји од Западен Балкан со интеграцијата во Европската Унија, туку и самата ЕУ ќе се ревитализира, ќе се надгради преку нејзиното проширување кон овој регион, регион кој како што сите знаеме, историски е многу чувствителен, порача Герапетритис.

Истакна дека „Грција секогаш ќе биде во позиција да може да ги зајакне напорите, не само на Македонија, туку и на сите земји-членки од Западен Балкан, на нивниот пат кон европското семејство“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги нос

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено, заштита од кражби и измами и за спречување на семејно насилство

Денеска (14.08.2026) во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај. Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки на која на возачите им беше укажано да бидат одговорни во сообраќајот, особено да внимаваат пред обележан пешачки премин со цел да ги заштитат пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, пак, реализираа активност на тема „Последици од управување технички неисправно возило“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот. Додека, пак, активностите во Штип и Кочани беа на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи возилата да бидат ги паркираат на соодветни одбележани места за да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Во Градско, Делчево и во општина Зелениково, полициските службеници спроведоа превентивни активности за заштита од пожари, во рамки на кои ги советуваа граѓаните да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување на пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112.

Денеска, во Штип беше спроведена и превентивна активност на за заштита од кражби и измами. Во непосредни разговори на повозрасните лица-пензионери им беа поделени летоци со совети да внимаваат околу начините за препознавање на измами, како да се заштитат од кражби, а им беа појаснети и законските одредби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти.

Во Делчево беше реализирана и активност на тема „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се точно и брзо пријавување на бројот 112.

Одделението за превенција при СВР Скопје на Меѓуградската автобуска станица во Скопје спроведе и превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа.

Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

ЈКП „Бошава“ – Демир Капија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер