Георгина на семејна фотографија во бикини , доби 3,5 милиони лајкови (ФОТО)

Партнерката на Роналдо, Георгина Родригез објави семејна фотографија на Инстаграм и доби скоро 3,5 милиони лајкови за два дена.

Партнерката на Кристијано Роналдо со фотографијата напиша дека она што е судено секогаш се случува, но многумина од нејзините 19,6 милиони следбеници на Инстаграм го забележале задникот во танга, за што ја опсипаа со комплименти.

Јувентус ја обезбеди титулата во Серија А пред денешното последно коло, а фудбалерот сподели и семејна фотографија пред неколку дена. „Нема ништо подобро од славење на победите со оние што ги сакаш“, напиша тој веднаш до фотографијата за која доби 8,9 милиони лајкови.

🏸

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Георгина често објавува семејни фотографии на Инстаграм, но привлекува внимание и со луксузни предмети, како и со атрактивни снимки како онаа на која таа тверка.

Српска водителка не се збуни и покрај големата бубачка на вратот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео од водителката на српската Прва ТВ, Роксанда Бабиќ, на кое се гледа дека таа остана потполно мирна, иако огромна бубачка и шеташе по вратот и маицата.

Роксанда на објавите е пофалена од многумина за нејзиниот професионализам за време на програмата во живо, во ситуација кога многумина би изгубиле концентрација и можеби дури и би станале хистерични.

Иако бубачката не се смири ниту за момент и одеше од вратот до нејзината маица, презентерката не трепна.

Некои се убедени дека таа не знаела што се случува, додека други тврдат дека е професионалец.

Германските власти : Се сомневаме во руската вакцина

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж во „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против ковид - 19, што ја објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетотот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската Унија (ЕУ).

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид 19 е регистрирана денес во Русија.

Сепак, Русија сè уште не објавила детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност.

Светската здравствена организација (СЗО) денеска претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирус, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, пред новинарите кога го прашаа за вестите од Русија за „првата вакцина“ против коронавирусот.

Портпаролот изјави дека претквалификацијата вклучува преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината, собрани во клиничките испитувања. Јашаревиќ додаде дека постапката е иста за „секој кандидат за вакцина“.

Се појави нова снимка од експлозијата во болница во Бејрут (ВИДЕО)

Се појави уште една снимка од надзорна камера од експлозијата во Бејрут.

На снимката се гледа како експлозијата го погоди Медицинскиот центар LAU Medical Center-Rizk.

На снимката се прикажани лекари и луѓе кои дошле да ги посетат пациентите кои се обидуваат да се заштитат од остатоци што летаат низ болницата.


притисни ентер