3ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна
ЗабаваГеоргина на Роналдо танцува салса во тесни хеланки (ВИДЕО) Додека Кристијано Роналдо не се поти на теренот во дресот на Јувентус, неговата скоро 10-годишна девојка Георгина Родригез обожава да танцува, особено салса.Во видеото на Јутјуб, Шпанката танцува занесено во сиви хеланки и потпетици. Фановите ја опсипаа со коментари за нејзиниот изглед, како и вештината на танцување. View this post on Instagram Cuando te permites lo que mereces, atraes lo que necesitas. 🌸Buen día 🌸 @aloyoga 🌍 A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Dec 29, 2019 at 1:17am PST Георгина танцува во школата за танц Скула ди Бало Сампаоли. Покрај танцувањето, таа редовно оди во теретана и од таму речиси секој ден ги известува следбениците на Инстаграм. View this post on Instagram The @aloyoga Black Friday sale has officially begun and full price merchandise including holiday is 30% off. 💝 Aprovechad para hacer las compritas de Navidad 🎄🎁🌍❤ - 30% de descuento en @aloyoga 🎉 A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Nov 27, 2019 at 10:12am PST View this post on Instagram 🧜🏽♀️ @aloyoga A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Nov 17, 2019 at 5:12am PST View this post on Instagram Buenos días con energía 🧡 @aloyoga A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Jul 25, 2019 at 2:43am PDT View this post on Instagram Mirarte a los ojos y poder ver que allí está mi mundo ❤️🌌 A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on Nov 6, 2019 at 5:01am PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрмијата одбележува 34 години од формирањетоСо повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на армијата. По повод 18 август – Денот на армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 пло-туни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден пло-тун од 6 артилериски орудија.Триесет и четвртиот роденедне на армијата ќе бидео одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип со смотра на вториот пешадиски баталјон и други армиски единици. За роденден на армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзвонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта.Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“. Завчера, Питер Сомуа и неговиот состав ѝ подарија на фестивалската публика енергично музичко доживување, во кое топлиот звук на трубата се сретна со џезот, африканските ритми и современите музички влијанија. Со својата интернационална музичка приказна, Питер Сомуа уште еднаш покажа дека џезот навистина е универзален јазик – способен да ги поврзе културите, континентите и луѓето. Истата вечер, Сомуа и неговиот бенд , по завршувањето на концертот, фестивалската сцена на Долни Сарај им ја отстапија на Нубаја Гарсија и нејзиниот состав - Лајл Бартон, Макс Лутерт и Сем Џонс. Тие ја поведоа фестивалската публика низ современ музички свет во кој џезот се преплетува со класичната музика, дабот, R&B и афро-карипските влијанија. Со својот препознатлив звук и енергија, Гарсија уште еднаш покажа зошто е една од највозбудливите фигури на современата британска џез-сцена. На 14 август, за љубителите на овој жанр музика, концерти одржаа Националниот џез оркестар кој ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот приреди магично музичко патување, инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа од Гана, ѝ даде дополнителна енергија на вечерта, внесувајќи го својот препознатлив звук и африканските музички влијанија во оваа впечатлива музичка приказна. Dine Doneff и „Storytales“, заедно со Харис Ламбракис и Кирјакос Тапакис, ја поведоа публиката низ имагинарен свет од балади, приспивни песни, приказни и обредни мотиви инспирирани од македонското народно поетско наследство. Преку препознатливиот авторски јазик на Doneff, во кој се среќаваат балканската традиција, слободната импровизација, џезот и современата музика, „Storytales“ ја претвори личната приказна за идентитетот и меморијата во универзално музичко доживување Честа да ја отвори џез програмата на „Охридско лето“ ја имаше македонскиот гитарист и композитор Крсте Роџевски кој живее и работи во САД. Тоа беше вечер исполнета со авангарден звук, византиска традиција и современ џез.Во црквата „Света Софија“, Роџевски заедно со неговиот ансамбл Христијан Моневски, Дамјан Палоски, Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски ја претставија концертната премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ - проект во кој византиското пеење се сретна со експерименталниот и слободен џез, создавајќи уникатен музички јазик. Според директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, воведувањето на џез програмата претставува природно проширување на фестивалската понуда и одговор на интересот на публиката за различни музички жанрови, без притоа, како што вели, да се наруши основниот концепт и идентитет на фестивалот кој полни 66 години важи за една од најголемите и на реномираните музичко-сценски манифестации во регионот. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбеднаСДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните.Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани. И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција. Но додека СДС се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата. Така, во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење. Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните. Граѓаните не треба и не смеат да бидат заложници на партискиот хаос и паника кој владее во СДС и кои сега, додека Филипче е на Паљури со Заев, се поголеми од кога било. Затоа им порачуваме на СДС, наместо да измислуваат кризи, подобро повеќе да се занимаваат со самите себе, да се справат и да го решат сопствениот хаос и дезориентираност во кој длабоко се заглавени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter