Генералка викенд-Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија - Канал 5

Генералка викенд-Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија

Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија на најмасовниот еколошки настан на балканот – генералка викенд.

Генералка викенд-Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија

На 9, 10 и 11 мај, по петти пат ќе се случи најголемата годишна национална акција за собирање отпад – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД (волонтерска акција од граѓаните за граѓаните), создадена од Мен енд Маунтен, заедно со главниот стратешки партнер Пивара Скопје и официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал.

Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина. Над 20.000 волонтери ќе ја чистат нашата татковина на повеќе од 500 локации во сите општини низ земјава, вклучувајќи над 600 организации, институции и компании, еколошки, граѓански, спортски здруженија, пензионерски организации, јавни институции, локални и урбани заедници, градинки, училишта, факултети, волонтери и национални паркови.

Официјалното отворање на тридневна национална акција за чистење отпад - ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се случи на 9 мај на Скопскиот Аквадукт со почеток во 9 часот. Повеќе од 200 волонтери ќе ја исчистат околината на овој исклучително важен историски споменик.

На Скопскиот аквадукт се очекува да бидат присутни и: вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, Директорката на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, Снежана Савиќ Димовска, австрискиот амбасадор г-дин Мартин Памер, Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, Секретарот на Црвен Крст, Сузана Тунева Пауновска, како и членови на амбасадите присутни во земјава, волонтери и повеќе јавни личности.

Во пресрет на еко акцијата со видео порака се огласи и Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која апелира до граѓаните да се вклучат: „Го раскинавме пријателството со планетата, ги игнорираме нервозните предупредувања на природата и не сакаме да се соочиме со тешката еколошка криза. Постојано зборуваме за зелени политики, а живееме во сиво црна реалност на убиствен воздух, загадени езера и реки, опустошени шуми и контаминирана почва. Природата не може да биде жртва на профитната агресија. Крајно време е да трчаме маратон кон поздрава животна средина и да склучиме примирје со природата. Доколку сакаме здрава иднина треба сите на 9, 10 и 11 мај да се обединиме во најголемата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, како доказ за национална одговорност и еколошка будност. Грижата ветува цврсти промени и верувам дека годинава ќе покажеме уште поголема еколошка зрелост доколку се вклучат повеќе волонтери за чиста и здрава животна средина“, вели Силјановска Давкова.

Со поддршка на Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, за првпат, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе биде вклучена и во едукативниот проект „Еко час“.

Учениците од сите училишта ширум земјава ќе добијат за домашна задача на 9 мај заедно со наставниците и професорите да ги исчистат училиштата, на 10 мај учениците заедно со нивните семејства ќе ги чистат домовите и просторот околу нивните живеалишта, а на 11 мај учениците заедно со семејствата ќе ги чистат парковите и пикник местата во нивното опкружување. Нивна задача е да го фото-документираат чистењето и на првиот школски час да ги презентираат резултатите.

Врз основа на меморандумот во траење од 10 години, кој Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми го склучија со Мен енд Маунтен, секоја година по завршувањето на еко акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, во ноември се случува вториот дел од акцијата наречена СОНЧЕВА ГОРА, што подразбира пошумување на државно земјиште.

На секои 10 килограми собран отпад се посветува по едно дрво од годишните планови за пошумување. Во рамките на овие пошумувања во изминативе години беа засадени над 120.000 садници на различни локации: околу езерото Младост во Велес, селото Ќојлија во општина Петровец, во близина на мегалитската опсерваторија Кокино и во општина Старо Нагоричане.

Во изминативе четири години беа собрани 1 милион килограми отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, досега земаа учество над 44.000 волонтери, исчистени беа повеќе од 1000 локации и беа засадени над 120.000 дрвја.

Овој единствен масовен еколошки настан, не само во земјава, туку и на целиот Западен Балкан, испраќа моќна и алармантна порака дека загадувањето стана најголемиот непријател за граѓаните. Идејата на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е да се покрене еко свеста помеѓу граѓаните и со здружени сили да се степенува важноста за позитивни промени кон почиста животна средина.

Во Истанбул почнаа првите директни преговори меѓу Украина и Русија по 3 години

По точно 24 тактизирање, меѓусебни навреди и обвинувања, украинската и руската делегација влегоа во палатата Долмахаче во Истанбул, прв пат на директни преговори по три години. 

Во Истанбул почнаа првите директни преговори меѓу Украина и Русија по 3 години

Мораме да ја искористиме можноста за напредок кон мир, рече домаќинот, шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, обраќајќи им се на делегациите, од десната страна руската предводена од помошникот на Путин, Медински, наспроти нив, украинската предводена од министерот за одбрана Умеров. Медиумите пренесуваат дека двете страни меѓусебно не се поздравиле, како прв индикатор дека чуда во разговорите не се очекуваат. Во Истанбул е и првиот американски дипломат Рубио, кој претходно оствари средба само со украинската страна, а во пресрет на преговорите го реафирмираше ставот дека за успех неопходна е средба меѓу Трамп и Путин. Идентично размислува и официјален Кремљ.

-И мислам дека е сосема јасно дека единствениот начин да имаме придвижување во преговорите е само преку средба на претседателите Трамп и Путин. Ќе биде потребно тоа ниво на ангажман за да се има пробив по ова прашање. Не мислам дека нешто продуктивно ќе се случи се додека не се вклучат во многу искрен и директен разговор, што претседателот Трамп е подготвен да го направи. , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД

-Таква средба е секако неопходна, пред сè од гледна точка на билатералните руско-американски односи, а и од гледна точка на разговор за сериозна дискусија на највисоко ниво за меѓународните работи и регионалните процеси, вклучително, секако, кризата околу Украина. , изјави Дмитри Песков, портпарол на Русија

Случувањата во истанбул со внимание се следат и во Тирана, каде 47 шефови на држави и влади, вклучително и премиерот Мицкоски учествуваат на шестиот Самит на Европската политичка заедница. Меѓу нив се и Ердоган и Зеленски, што самото по себе зборува за важноста на собирот, од каде не се исклучува можност да произлезе нов пакет санкции за Русија, која веќе е во најава. Во обраќањето, Зеленски кажа која е црвената линија на Киев пред да се постигне каков и да е договор со Москва.

-Нашиот приоритет број 1 е целосен и безусловен прекин на огнот да се случи што побрзо за да го спречи убивањето и да биде основа за дипломатија. Ако руските претставници во Истанбул не можат да се согласат на тоа ќе биде сто проценти јасно дека Путин продолжува да ја поткупува дипломатија. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Работиме на нов пакет санкции, вклучувајќи на пример санкции за Северен Тек 1 и Северна Тек 2, проширување на списокот на бродови на 'Shadow Fleet', како и намалување на на ограничувањето на цената на нафтата и дополнителни финансиски санкции против рускиот финансиски сектор. Она што е важно, ние сакаме мир и затоа ќе го зголемуваме притисокот се додека претседателот Путин не биде подготвен за мир. , изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

Кои се клучините теми на разговорите не е познато, иако руската страна најави дека основа ќе биде да се отстранат освновите причини за војната. Неизбежно, се очекува да се најдат и прашањата за идниот статус на окупираните украински територии, кои чинат безмалку една четвртина од целата територија.

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Преку герила-акција пред обвинителството движењето „Кој е следен“ најави дека ќе се приклучат на утрешниот протест на родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Од движењето посочија дека ќе има организиран и превоз од две локации од Скопје за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од протестот во Кочани. Укажаа на потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција, која според нив довела до трагедијата.

YouTube video

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Предлог законот за сајбер безбедност на почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на месецов законот да помине на влада и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура. Со ова законско решение според него ќе се обезбеди безбедност на целокупното општество.

YouTube video

притисни ентер