ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
МакедонијаГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 - Обедини 70.688 учесници и собра 684.777 килограми отпад ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2026 - Обедини 70.688 учесници и собра 684.777 килограми отпад – институциите незаменливи, граѓаните и компаниите двигатели на промените.Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, со што од локална иницијатива прерасна во национално движење за заштита на животната средина. Само годинава, од 8 до 10 мај, во рамки на шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД беа реализирани повеќе од 600 акции за чистење отпад и 1.900 едукативни активности „Еко час“ во 81 општина низ државата. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е организирана од Мен енд Маунтен заедно со официјалните партнери: Пакомак, Нула Отпад, Саубермахер, Пивара Скопје, ЕВН, Шпаркасе банка, ИУТЕ, Макстил, КАЗ Груп, Црвен крст, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука, општините, невладините сектори и државните институциите. По завршувањето на еко акцијата, отпадот беше собран и подигнат од локалните комунални претпријатија и професионално депониран. Селектираниот отпад како пластика, лименки и хартија го подигнаа Пакомак, а електронскиот отпад го превземаа Нула Отпад. Една од најважните придобивки на иницијативата е што ја надмина поделбата на „надлежни“ и „граѓани“. Заедничкото делување на граѓанската посветеност и институционалната поддршка, овозможи значителна промена кон подобро во нашето општество. Токму таа искра со текот на времето прерасна во иницијатива која денес ја препознаваме како „Генералка викенд“, која потсетува дека чистата животна средина е заедничка одговорност. Институциите имаат обврска да го собираат и управуваат отпадот, но секој од нас треба правилно да го депонира својот отпад и да ги почитува јавните простори што им припаѓаат на сите граѓани. Најголемата вредност на оваа иницијатива, не се само бројките на собраниот отпад, туку и подигнување на свеста. Гордана Софија и Ханес Јекл, идејните творци на Генералка викенд велат дека со оваа еко акција граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Денеска се горди што таа идеја прерасна во национално движење, кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава. „Од самиот почеток ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД е иницијатива за создавање долгорочна промена во однос на животната средина. Институциите и приватните компании имаат важна и незаменлива улога во управувањето со отпадот, но чистата животна средина зависи и од дневните навиките на граѓаните. Токму затоа, наша цел е да поттикнеме култура на лична одговорност и грижа за просторот што го делиме. Во општество во кое често сме поделени по различни прашања, Генералка викенд покажа дека постојат вредности околу кои можеме да се обединиме. Успеавме да ја претвориме загриженоста за загадувањето во конкретна акција и покажавме дека граѓаните можат да бидат двигатели на позитивни промени, а не само неми набљудувачи и критичари. Нашата цел е јавниот простор, кој ни припаѓа на сите нас да почнеме да го доживуваме како продолжение на сопствениот дом. Само така можеме да изградиме трајна промена и почиста иднина за сите граѓани. Горди сме што таа идеја прерасна во национално движење кое обединува десетици илјади луѓе низ целата држава“, велат Гордана Софија и Ханес Јекл, од Мен енд Маунтен. Но вистинското лице на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД не се бројките. Тоа се илјадници граѓани кои одлучуваат да излезат на терен за да се вклучат. Децата кои за првпат учат што значи лична одговорност кон нивната околина. Родителите кои ги носат своите семејства на еко акции. Учениците кои ги мотивираат своите другари. Волонтерите кои покажуваат дека промените започнуваат од секој поединец. Во соработка со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, Министерството за образование и наука, заедно со УНИЦЕФ, имплементираа образовна програма наречена „ЕКО ЧАС“. Десетици илјади ученици во целата земја научија да го комбинираат знаењето за екологијата и циркуларната економија со практични активности. Во време кога јавноста често е обесхрабрена дека промената изгледа невозможна, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД испраќа поинаква порака – дека заедничкото делување има смисла и дека секој може да биде дел од решението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter