ГАВИ: Појавата на сојот омикрон е показател на неправедната распределба на вакцините во светот

Сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата, изјави вчера во Женева првиот човек на „ГАВИ", Сет Беркли.

Меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација во светот „Gavi Vaccine Alliance", оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот – омикрон е показател за недостатокот на вакцини во многу делови од светот.

Сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата, изјави вчера во Женева првиот човек на „ГАВИ", Сет Беркли.

-Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите, додаде тој.

Омикрон првпат беше откриен овој месец во Јужна Африка, каде стапката на целосно вакцинирани возрасни е помала од 36 проценти.

Како споредба, во Европската унија стапката на целосно вакцинирани е 77 отсто од возрасната популација.

„ГАВИ", партнерство на јавни и приватни донатори, се обидува да ги заштити луѓето во посиромашните земји од болести кои можат да се спречат. Оваа асоцијација, исто така, ја води меѓународната иницијатива „Ковакс" за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 во посиромашните земји.

„Ковакс" се надеваше дека годинава низ светот ќе испорача две милијарди дози вакцини, но досега реализира само околу четвртина од поставената цел.

СЗО новиот омикрон сој го класифицираше како „загрижувачка варијанта на вирусот".

Гир: Се надевам дека и кампањата за вториот круг ќе мине во мирна и демократска атмосфера

Евроамбасадорот Дејвид Гир очекува мирната и демократска атмосфера да се преслика и за време на кампањата од вториот круг на претседателските и парламентарните избори.

Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена.

„Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ нагласува дека „за да го реализираат нивниот монструозен план насилниците беа подготвени и за ликвидации.

„Токму нив, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира“, посочува во видеопораката Маричиќ.

Наспроти тоа, потенцира Маричиќ, „ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“.

„Додека партијата со автократско лице повторно се заканува да поведе нов режим, СДСМ ги презеде државничките чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии. Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“, истакнува Бојан Маричиќ по повод годишнината од крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието.

Маричиќ порача „нема откажување – продолжуваме одговорно“.

„Тука сме во заштита на прогресивните македонски граѓани кои својата иднина ја гледаат во земја со европска демократија и европска иднина. 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1

СДСМ

Партиите ги исцртуваат црвените линии за можно коалицирање

На само три дена по првиот круг од претседателските избори партиите веќе ги кројат можните комбинаторики за постиборно коалицирање. 

Митинзите станаа мегдан за јавни повици и пораки кој е добредојден, а кој не за евентуално коалицирање по изборите. Мицкоски преферира коалиција со ВРЕДИ, а откако претходно на обеднување ги повика и помалите опизициски партии, синоќа од Кавадарци порача дека правилото за колаицирање победник со победник повеќе не важи. ДУИ и ВРЕДИ пак не остапуваат од условите за промена на Уставот. А црвените линии за идно колицирање веќе ги исцрта и Димитреивски од ЗНАМ кој исклучува можност за коалиција со СДСМ или коалиција во која би партципирала и ДУИ. Ковачески пак синоќа од Центар порача дека десничарска партија на власт – ќе значи крај на европската перспектива на државата и на добрите меѓуетнички односи.

Анализирајќи ги досегашните изјави на политичките лидери и под услов изборните резултати од првиот круг од престедедателските се пресликаат и на парламентарните, според Благојче Атанасовски извесно е дека по 8-мај ќе има опозициона коалиција. Кој ќе биде дел од неа и дали преговорите ќе течат лесно, според него ќе зависи пред се од ставовите за уставните измени.

Иако сите партии ја отфрлаат можноста за бојкот на вториот круг од претседателските избори, Атанасовски не исклучува тивок или отворен бојкот од ДУИ со цел да се спасат од опозција. Доколку не се постигне цензузот од 40 проценти излезност во Вториот круг, Атанасовски предупедува дека земјава ќе влезе во уставно-правна политичка криза.

Во меѓувреме ДИК увои еден пригвоор за постапката за гласање во Липково, а до 19 часот ги очекува и евентуалните приговори за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг престедателски избори.

притисни ентер