Гасперини за ремито со Лече: Одигравме ужасно - Канал 5

Гасперини за ремито со Лече: Одигравме ужасно

 Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини е разочаран од нерешениот исход со Лече во 34. коло од Серија А.

Гасперини за ремито со Лече: Одигравме ужасно

Аталанта синоќа одигра 1:1 и пропушти шанса да се доближи до водечките Наполи и Интер.

-Не очекував ваква игра, би ја оценил како ужасна. Примивме гол, потоа како малку да се подобривме, успеавме да израмниме. Имам чувство дека луѓето не ги разбираат предизвиците со кои се соочуваме. Тие се однесуваат како Аталанта лесно да се квалификува во Лигата на шампионите, но треба да ги погледнеме оние кои се зад нас на табелата, рече Гасперини по натпреварот.

Аталанта има 65 бодови и е на 2. место во Серија А. Лече е на 17. место со 27 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Ова е тогашната слика од скопските села  Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години. 

Десет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животи

Невреме кое однесе 22 животи, 4 лица кои се уште се водат за исчезнати. Како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага.

Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра.

Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина?

Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најпогодените места – селото Стајковци.

Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави,- - Општина Гази Баба.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле.

-ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи,- Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС.

Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запалениот автобус на Дурмо Турс го актуелизира прашањето за безбедноста на јавниот превоз

Последниот пожар во автобус на автопатот Тетово–Гостивар повторно ја вратија компанијата „Дурмо турс“ во фокусот на јавноста и ги отворија прашањата за безбедноста на јавниот превоз.

Запалениот автобус на Дурмо Турс го актуелизира прашањето за безбедноста на јавниот превоз

По пожарот во кој пред три дена се за палил авторбус на „дурмо турс“ од МВР за Канал 5 велат дека се спроведуваат засилени сообраќајни контроли, вклучително и на автобуските превозници, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Токму случајот со пожарот и претхониот кога во автобус на компанијата на табанвце биле отркиени 580 парчиња муниција, во јавноста одново се отворија дилемите околу безбедното но и законското работење на превозниците..во одниос пак на минатогодишното бегство на Ремзи мустафи, поранешен раковиодител на возниотпарк осуден на 10 години за несреќата кај ласкарци во која загинаа 16 лица, и натаму е недостапен на органите на прогонот..

-Се трага по бегалецот по кој министерството има распишано меѓународна потерница, а службите превземаат тактичко оперативни мерки за лоцирање и лишување од слобода на лицето, по што јавноста ќе биде соодветно известна, информираат од полицијата,- МВР.

Во меѓувреме иако Судскиот совет утврди пропусти во постапувањето за извршување на неговата казна и предложи постапка за утврдување одговорност кај судијата за извршување санкции, досега нема одлука за дисциплински или други мерки против службените лица.

Од Основниот суд во Гостивар за „Канал 5“ информираат дека сè уште нема одлука од Судскиот совет по ова прашање.

Од друга страна финансиските показатели покажуваат дека компанијата продолжила да остварува приходи и во годините по трагедијата кај Ласкарци. Порталот „Фактор“ неодамна ги анализираше финансиските резултати на компанијата врз основа на податоци од Македонското кредитно биро, обезбедени од редакцијата. Анализата се однесува на правното лице „Друштво за транспорт, туризам, трговија и услуги ДУРМО ТУРС Дурмиш ДООЕЛ експорт-импорт“, со седиште во Беловиште, Гостивар.

Во периодот од 2021 до 2025 година компанијата остварила вкупни приходи од околу 1,85 милиони евра. Најголеми приходи биле регистрирани во 2023 година, кога достигнале околу 521 илјада евра. Во 2021 година тие изнесувале околу 425 илјади евра, а во 2022 година се зголемиле на приближно 467 илјади евра.

По 2023 година следува значитеен пад на приходите. Во 2024 година тие се намалиле на околу 269 илјади евра, а во 2025 година на приближно 168 илјади евра. Инаку, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, по повеќекратните одложувања, годинава започна со издржување на десетгодишната затворска казна во „Идризово.

Сепак, иако од трагедијата кај Ласкарции минаа повеќе од 7 години, неодамнешните инциденти повторно ги отворија дилемите за контролата на техничката исправност на автобусите, одговорноста на институциите и безбедноста на патниците во јавниот превоз

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со 149 милиони евра грант од ЕУ ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија

Со грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија.

Со 149 милиони евра грант од ЕУ ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија

во оваа фаза ќе се гради прекуграничниот железнички тунел, дел од Коридорот 8, кој почнува од Крива Паланка и продолжува на територијата на Бугарија. Договорите со европската инвестициска банка и европската банка за обнова и развој за финансирање на изградбата на 22-километарската делница беа потпишани денеска во Владата, а премиерот Мицкоски посочи дека ова доаѓа откако изминатиот период биле дополнително прецизирани и усогласени сите детали со нашиот источен сосед. Проектот претходно, како што кажа тој, подразбирал дека работата треба да заврши на половина тунел кон Бугарија.

-Онака како што беше овој проект, требаше да завршиме на пола тунел и без јасна определба од нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата од нивната страна, вклучително и за изградба на другата страна на тунелот. Да, требаше време, требаше да се постигне напредок во разговорите со нашиот источен сосед. Тој напредок се постигна, имаме определба од двете страни и имаме тунел кој што е практично трет дел од проектот,- - Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пак, оцени дека на овој начин, по речиси две години интензивни преговори и подготовки, проектот конечно станува реален и остварлив.

-По скоро 2 години работа доаѓаме до проект кој е реален, остварлив и може да биде реализиран. Не беше лесно овие две години, но важно е што дојдовме до договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот тунел и само на тој начин овој договор добива смисла,- - Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Од делегацијата на Европската Унија порачаа дека потпишувањето на договорите е силен сигнал за заедничката посветеност Коридорот 8 конечно да стане реалност, но нагласија дека очекуваат и брза реализација на терен.

-Сметам дека нашето силно присуство денес е потврда за споделените и заедничка обврска да се направи Коридорот 8 реалност. Се надеваме да видиме поголем и по конкретен напредок на терен наскоро,- - Бен Нупнау- Заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Во наредниот период, според најавите треба да биде распишан тендерот за избор на изведувач, а градежните работи да започнат до крајот на годинава.

Првата железничка делница од Куманово до Бељаковце инаку веќе е пуштена во употреба, а втората до Крива Паланка е во изградба. Со третата фаза треба да се затвори и најсложениот дел од трасата кон Бугарија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер