Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаГанџи: Македонското земјоделство соочено со многу предизвициГанџи е одговорен за развојот и имплементацијата на Програмата на ФАО во земјава, а минатата недела првпат престојуваше во официјална посета.Ограничени инвестиции во земјоделска инфраструктура, прекумерна расцепканост на земјоделското земјиште и мала површина на земјоделските стопанства, напуштање на селата, отежнат пристап до пазарите, недостаток на можности за диверзификација на приходите и на соодветни советодавни услуги, ограничени капацитети за одржливи земјоделски практики, деградација на земјиштето, ранливост на климатски промени и неефикасното управување со шумските ресурси, се клучните предизвици со кои се соочува македонскиот агро-сектор, смета заменик-регионалниот претставник на ФАО за Европа и Централна Азија говори, Набил Ганџи. Ганџи е одговорен за развојот и имплементацијата на Програмата на ФАО во земјава, а минатата недела првпат престојуваше во официјална посета. Се сретна со вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и со ресорниот министер Трајан Димковски. Најави дека приоритетните области на тековната програма на ФАО за периодот 2018-2020 година вклучуваат поддршка за зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните заедници преку одржлив рурален развој и одржливо управување со природните ресурси во услови на климатски промени. Наредните 18 месеци ФАО ќе ги поддржи и напорите на Македонија за финализирање на развојот на Националната работна програма за Зелениот климатски фонд со конкретни национални проекти од јавниот и приватниот сектор, за адаптација кон и ублажување на климатските промени во земјоделството, шумарството, водните ресурси, енергетиката, транспортот, отпадот, биодиверзитетот, здравството и културното наследство. Ќе и помогне и за спроведување на Агендата 2030 за одржлив развој. -Земјоделството и производството на храна играат значајна улога во македонската економија со 16 проценти придонес во бруто домашниот производ и вработуваат повеќе од една третина од работната сила. Сепак, секторот се соочува со неколку структурни предизвици. Нивното надминување, како и јакнењето на капацитетите и системите на клучните чинители на национално и локално ниво, се основа за иден развој на секторот, вели Ганџи во интервју по повод посетата. Тој укажува дека прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделски стопанства, освен што негативно влијае врз продуктивноста и ефикасноста на фармите, оневозможува и модернизација на производството и конкурентност во глобализираната економија. Неефикасното управување со шумските ресурси, пак, и недостатокот на точни податоци во овој сегмент, ги попречува напорите за национален одржлив развој на шумите. Се осврнува и на достапноста на здрава исхрана што, според него, за секого останува предизвик, заедно со загубите и отпадот на големи количини храна. -Со поддршка од ЕУ, ФАО им помага на малите и семејни фарми да ги надминат проблемите со прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште, истовремено поддржувајќи го Министерството за земјоделство да развие оперативна Национална програма за консолидација на земјиштето. Со задоволство сакам да ги потенцирам најновите достигнувања во консолидацијата – успешната финализација на првите проекти во државата за консолидација на земјиштето во селата Егри и Конче, кои дефинитивно ќе послужат како пример за тековното спроведување на осум други проекти за консолидација на земјоделското земјиштето во земјата, нагласува претставникот на ФАО. За време на средбите со надлежните институции, Ганџи упатил покана земјава да се приклучи кон новата Иницијатива на ФАО, „Рака под рака", која ги поддржува земјите со ниски приходи и земјите во развој во напорите за намалување на сиромаштијата, елиминирање на гладот и подобрување на исхраната преку поттикнување на транформацијата во земјоделството и одржлив рурален развој. Иницијативата, објаснува, е во насока на одржливо управување со природните ресурси, безбедност на храната и адаптација кон климатските промени. Нуди нов модел за иновации и инвестиции преку поттикнување партнерства и вмрежување на ресурсите на јавниот, приватниот сектор и меѓународната заедница за поддршка на семејните земјодeлски стопанства да ја зголемат нивната продуктивност и приходите, за обновување на селата, за создавање атрактивни можности за работа за младите и руралните жени, за зголемување на отпорноста кон климатските промени и за подобрување на условите за живот во руралните заедници во целина. Набил Ганџи е секретар на годинашната 32. сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа на која главни теми ќе бидат состојбата на одржливите системи за храна и исхрана, младите и вработувањето во Европа и Централна Азија, состојбата на малите и семејни земјоделски стопанства, како и потенцијалите за ревитализација на руралните области во регионот. Дополнителни теми ќе бидат иницијативата „Рака под рака", пристапот "Едно здравство" (One Health) и безбедностa на храната. Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) е партнер на земјава од 1993 година. Соработката опфаќа широк спектар на области: земјишна политика и управување со земјиште, шумарство, развој на вредносни синџири во производството на храна, биосигурност и здравје кај животните, адаптација кон и ублажување на климатските промени. Постојан акцент се дава на развојот на секторските политики и институционалната поддршка, со фокус на усогласување на земјоделството и руралниот развој на земјата со стандардите на ЕУ и Целите за одржлив развој./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ФудбалМбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“. „Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си. Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен. „Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе. Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе. Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот. Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп. Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра. Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.Тагови: Килијан Мбапе Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазикВо „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух. „Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска. Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. „Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат. Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПадна снег на ПелистерПрвиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка. Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50