Гајдов: „Најголеми „муштерии“ на измените на КЗ се тие од бомбите“

Хајредини: „Aнтикорупциските комисии откако постојат не решија ниту еден случај и тие не се виновни, туку и служат на владата како алиби дека имаме комисија.“

Хајредини: Нема да има влада на Национален спас. Корумпираните што се тука 20 години треба да се симнат од власт, без тоа нема коренити реформи. По неодговарањето за кривични дела што произлегуваат од прислушуваните разговори најскандалозни се измените на КЗ. Францускиот амбасадор Тимоније изјави дека во Македонија функционира взаемна амнестија, јас сум крадел и ти. Го гласаа законот за самите да се спасат. Тито не успеа во потеклото на имот, не дозволуваше концентрација на приватен капитал, самите комисии антикорупциски откако постојат не решија ниту еден случај и тие не се виновни, туку и служат на владата како алиби дека имаме комисија.

Гајдов: Во владата на Национален спас ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Албанската опозиција. Најголеми „муштерии“ на измените на КЗ се тие од бомбите. Нема самите „апаши“ да се чистат себе си. На Прибе му реков дека му фали закон за потекло на имот. Антикорупциска пет години предлагаше закон за потекло на имот, а тој се чува во фиока. Без ЕУ нашите немаат сила да ги исчистат апашите.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан./МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

притисни ентер