Фудбалерите на Јувентус на чело со Роналдо без проблеми го прифатиле предлогот за намалување на платите

Според италијанскиот  „Tuttosport“ фудбалерите на Јувентус без проблем се согласиле да ги намалат своите приходи.

Одлуката е објавена од  управата на клубот, откако зелено светло дале капитенот на „Старата дама“, Џорџо Киелини и првата ѕвезда на Јуве Кристијан Роналдо .

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Португалецот Роналдо, кој годишно  заработува фантастични 31 милиони евра, се откажал од 3,8 милиони евра за да му овозможи на клубот да им исплати плати на вработените во клубот од Торино, и да се избегнат отпуштања на службениците.

притисни ентер