Фудбалерите на Јунајтед бараат Ван Нистелрој да остане - Канал 5

Фудбалерите на Јунајтед бараат Ван Нистелрој да остане

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Руд ван Нистелрој да остане во стручниот штаб кога новиот менаџер Рубен Аморим ќе го преземе тимот.

Фудбалерите на Јунајтед бараат Ван Нистелрој да остане

Играчите сакаат Холанѓанецот да стане дел од стручниот штаб за да биде нивен посредник во комуникацијата со новиот менаџер, бидејќи сега одлично се сложуваат, пренесе „Скај спорт“.

Руд Ван Нистелрој моментално ја извршува функцијата менаџер на Јунајтед на привремена основа, а на таа позиција дојде по отказот на Ерик Тен Хаг.

Под водство на Холанѓанецот, Јунајтед најпрвин го совлада Лестер со 5:2 во Купот, а потоа ремизираше со Челси 1:1 во Премиер лигата.

Тој ги воодушеви навивачите со страста што ја покажа по головите на неговиот тим, што не треба да чуди бидејќи слично однесување покажа и кога беше напаѓач во дресот на „црвените ѓаволи“.

Рубен Аморин ќе го предводи тимот на Спортинг Лисабон до 11 ноември, кога почнува двонеделната репрезентативна пауза, по што ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Два американски авиони-цистерни ја напуштиле бугарската воздухопловна база Безмер, речиси еден месец откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции од Иран.

Американските авиони-танкери се повлекоа од Бугарија

Информацијата ја потврдил бугарскиот министер за одбрана Атанас Стојанов. Американските авиони биле привремено распоредени во Бугарија на барање на САД, врз основа на договорот со кој се регулира заедничкото користење на воените објекти.

Распоредувањето на авионите предизвика реакција од Техеран. Иран тогаш предупреди дека нивното присуство во Бугарија би можело да претставува учество во, како што го нарече, „агресија и воени злосторства“. По информациите дека Иран разгледувал можни напади врз американски воени цели во југоисточна Европа, Бугарија ги засили безбедносните мерки во базата Безмер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.

Насилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)

Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело.

Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.

Трамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“

Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“.

Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер