Фудбалерите на Бразил се олимписки шампиони - Канал 5

Фудбалерите на Бразил се олимписки шампиони

Фудбалерите на Бразил го одбранија олимпиското злато од Рио пред пет години откако во финалето во Токио ја совладаа Шпанија со 2-1 во продолженијата.

Фудбалерите на Бразил се олимписки шампиони

Бразил низ историјата има 7 олимписки одличја од кои две златни, 3 србрени и две бронзени. Најуспешни во однос на шампионските трофеи се Унгарија и Велика Британија кои имаат по три но последното злато на Унгарците е во 1968-та, а на Британците дури во 1912-та.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Американската старлета Ким Кардашијан е фотографирана на улиците на Париз во провокативно издание, таа самоуверено чекореше по улица, а нејзиниот целокупен изглед потсети на славната Мерилин Монро.

Фото: Ким Кардашијан повторно ги истакна облините

Провокативната Ким повторно го спои модерното со класичното и самоуверено зачекори во провокативен фустан што го истакнуваше секој милиметар од нејзината препознатлива фигура.

Таа лежерно ја заокружи смелата комбинација со кратка бела кожна јакна-бомбер префрлена преку рамениците, големи црни очила за сонце и интересни чевли со високи, тенки потпетици.

Кројот на фустанот беше она што најмногу ја потсети Ким Кардашијан на култната русокоса и секс-симбол, а овојпат таа не „заборави“ ниту да го истакне своето деколте и својата препознатлива фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“, ги поканува сите заинтересирани граѓани на едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“: Утре во Драчево едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Настанот е посветен на подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања, а ќе се одржи оваа сабота, 19 септември 2026 година, со почеток во 13:00 часот во „Паркот на бранители“ во населбата Драчево.

Присутните ќе имаат можност да слушнат корисни совети и лични искуства преку излагањата на Наташа Бабулова, која ќе ја сподели својата борба како лице со рак на дојка и членка на „ХЕМА-ОНКО“, како и низ обраќањата на стручните лица: спец. д-р Албина Чресловник Пупакоски, на медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.

Ги повикуваме сите граѓани да присуствуваат, да се информираат и заеднички да ја дадеме нашата поддршка, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се најважни во битката за животот.

Со овој настан се означува почетокот на кампањата „Розев Октомври“ која стартува од општина Кисела Вода, а ќе заврши со голем РОЗЕВ ПИКНИК на Школка во Градскиот парк. Активностите посветени на оваа важна тема ќе продолжат, па така, по трибината во Драчево, ќе се одржи уште една на 26 септември во околината на општината.

Ве очекуваме!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

Холивудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг, а еден детаљ вреден 8.000 долари го привлече вниманието.

Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

Ен Хатавеј покажа уште еден труднички стајлинг кој остава без здив, и покрај сите критики што ја следат за време на оваа бременост.

Бремената Ен Хатавеј носеше чанта Bvlgari од 8.000 долари додека шеташе низ Њујорк и го покажуваше најновиот стил за бременост по патот. Актерката зрачеше со гламур во тиркизен велур ансамбл украсен со цветни детали, во комбинација со елегантни црни чевли со потпетици.

Ен, која е глобален амбасадор на италијанската модна куќа, носеше блескава чанта Serpentine Duo Top Handle, украсена со гравирани шари, објавува „Дејли меил“. Ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“, која ја објави својата бременост уште во јуни, изгледаше блескаво за време на излегувањето.

Ен е во брак со својот сопруг Адам Шулман од 2012 година и тие веќе имаат двајца синови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер