Фудбалерите на Аталанта до полноќ мора да избегаат од Шпанија

Од полноќ, стапува во сила одлуката на шпанската влада да забрана на патување меѓу Шпанија и Италија што ќе важи до 25 март.

Ова ги доведува во прашање натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа каде шпанските и италијанските клубови треба да се сретнат во среда и четврток и следната недела.

Во четврток Интер е домаќин на Хетафе во Лигата на Европа, додека во Севилја домаќинот ја пречекува Рома на истото натпреварување. Следната недела на „Камп Ноу”  Барселона во ЛШ го пречекува Наполи.

Сепак, од 21 часот вечерва, само три часа пред да се воведе споменатата забрана, Аталанта од Италија, игра со Валенсија во возвратниот натпревар од осмина финалето во Лигата на шампионите.

Натпреварот завршува околу 22:45 часот, а Италијанците, ќе мораат да брзаат кон аеродромот без туширање и одмор за да полетаат за Ломбардија , жариште на коронавирусот во Европа.

притисни ентер