Фудбалери избегале од карантин и возеле пијани низ Сиднеј

Играчот од средниот ред на новозеландскиот тим Велингтон Феникс, Тим Пејн (26) чека казна откако избега од самоизолација за коронавирус и пијан возел  џип за голф по улиците низ Сиднеј.

Тој бил во друштво со соиграчот Оливер Саил, а сега двајцата се соочуваат со драстична казна за бегство во раните утрински часови.

„Неверојатно ми е жал и сум неверојатно засра.мен“, рече Пејн во интервјуто за радио „Нов Зеланд Спорт“.

Фудбалерите на клубот од Нов Зеланд беа во изолација во Сиднеј со надеж дека ќе настапат во австралиската А-лига доколку натпреварувањата ќе продолжат пред празни трибини. Сепак, сезоната беше откажана. Според полицискиот извештај, Пејн и Сејл поминале повеќе од пет километри во џипот за голф.

„Направив нешто за што не сум горд и свесен сум за казната што ја очекувам“, додаде 26-годишниот играч од средниот ред, кој досега има остварено 17 настапи во дресот на репрезентацијата на Нов Зеланд.

„Доколку истрагата утврди дека е сторено нешто лошо, ќе го почитуваме кодексот на однесување на ФИФА “, се вели во изјавата на австралиската фудбалска асоцијација.

притисни ентер