Фудбалер скока од радост, кога за прв пат е поканет во репрезентација (ВИДЕО) - Канал 5

Фудбалер скока од радост, кога за прв пат е поканет во репрезентација (ВИДЕО)

Селекторот на Турција за мечот против Летонија му испратил покана на Алпаслан Озтурк и со тоа му го исполни сонот на дефанзивецот на Гозтепе.

Фудбалер скока од радост, кога за прв пат е поканет во репрезентација (ВИДЕО)

За 27-годишниот десен бек, тоа му е прва покана за националниот тим. Претходно играл за младинските репрезентации на Турција и Белгија, земјата во која е роден.

Озтурк дознал за повикот кога влегол во просториите на клубот. Почна да вреска и да скока од радост и да ги гушка луѓето околу него.

Турција синоќа одигра 3: 3 против Летонија, а Озтурк сепак не доби можност да дебитира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. 

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено е: Си на средба со Трамп

 Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. 

Потврдено е: Си на средба со Трамп

Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.

Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај.

Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер