Фудбалер ја злоставувал својата сопруга- му се закануваат до 15 години затвор - Канал 5

Фудбалер ја злоставувал својата сопруга- му се закануваат до 15 години затвор

Некогаш беше херој на словачкиот фудбал, а денес е на столбот на срамот.

Фудбалер ја злоставувал својата сопруга- му се закануваат до 15 години затвор

Камил Копунек (40) ја донесе оваа селекција во осминафиналето на Светското првенство во Јужна Африка, за да заврши на суд поради наводното малтретирање на сопругата.

Поранешниот репрезентативец е во брак со Доминика, речиси веднаш по споменатото Светско првенство. Меѓутоа, врската меѓу нив во меѓувреме драстично се влошила, а неговата сопруга во октомври 2020 година поднела тужба за наводна злоупотреба, пишува порталот „Шпортови Час“ од Словачка.

Тој дури поминал и еден ден во притвор, а откако немало доволно докази, бил пуштен на слобода. Сепак, истрагата продолжи и денеска доби нов тек.

Обвинителот соопшти дека е поднесено разрешување во Окружниот суд во Трнава.

- Можам да потврдам дека е поднесен обвинителен акт за кривичното дело злоупотреба, но нема да коментирам повеќе, бидејќи постапката се уште е во тек.

Доколку случајно Копунек биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна од седум до дури 15 години.

Самиот фудбалер неколку пати за словачките медиуми ги негираше обвинувањата на неговата сопруга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вишото обвинителство го „оживеа“ случајот „Мазут“: ОЈО ГОКК задолжено да ја продолжи истрагата

Повторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино.

Вишото обвинителство го „оживеа“ случајот „Мазут“: ОЈО ГОКК задолжено да ја продолжи истрагата

Повторно се отвора истрагата за набавките на мазутот во ТЕЦ Неготино во кој беа осомничени 13 лица меѓу се Ратко Капушевски еден од споствениците на компанијата РКМ, сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој се уште е во бегство. Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски во целост го уважил приговорот на државната ЕСМ со што „падна“ претходното решение на обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО ГОКК, која тврдеше дека државата немала штета и ја запре постапката. Вишиот обвинител оценил дека во истрагата имало слабости, пред сè во вештачењата врз кои била темелена одлуката за запирање на истрагата.

-Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице. Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност.- Вишо јавно обвинителство Скопје

Предметот повторно се враќа кај обвинителката Катерина Коларевиќ која сега ќе треба постапи по насоките на вишиот јавен обвининетл. Предметот евентуално би бил прераспрелден кај друг обвинител, само доколку во меѓувреме за неа биде поведена постапка за нестручно и несовесно работење.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев оценува дека со одлуката, Вишото обвинителство прави правен преседан и се става во улога на судска инстанца. Според него, барањето пропусти во вештачњето е спорно, бидејќи истото е направено од истиот орган - јавното обвинитлество

Мене ми изгледа ова дека е практично политички инспирирана одлука. Во дадената ситуација практично нема можност за ревизија на обвинителската одлука што беше донесена. – Гордан Калајџиев – Универзитетски професор

Во мај годинава, ОЈО ГОКК ја запре истрагата, бидејќи како што кажаа немало докази дека е направена штета од 167 милиони евра, како што беше пријавата на МВР. Коларевиќ на брифинг со новинарите тогаш рече дека набавките биле спроведувани за време на прогласена енергетска криза и не биле утврдени незаконитости на постапките. Мазутот бил испорачуван навремено и континуирано и не била утврдена штета за ЕСМ или државниот буџет, па оттаму не било потврдено основано сомнение дека осомничените ги сториле кривичните дела.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец

Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.

Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец

Трајко Бојковски со вперен поглед кон камерите, се поклони, па влезе во судницата во која беа повикани и Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска, двете повозрасни жени кои според Обвинителството, дваесет и петгодишнот овчар од Старо Нагоричане се обидел, но не успеал да ги убие како останатите четири жртви. Со сослушување на двете преживеани жени кои според обвинението куртулиле од речиси сигурна смрт продолжи судскиот процес за случајот „сериски убиства во Старо Нагоричане“. Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.

-Јас седев на кревет, вратата крцна, ми фрли на глава нешто, ме удираше по глава и по гради со рака, па со телефонот. Цел саат ме тепаше. Некој му сврте на телефон, или нешто тропна, па тој избега. Не можев ни да викнам. Срам ми е да кажам што ми правеше, јас сум стара жена. Ме фаќаше, по стомак, секаде.- Росанка Трајковска

Слоботка Арсовска пак, прстот во судницата го впери кон Бојковски посочувајќи дека тој е напаѓачот кој ја кутнал на земја, а се спасила бидејќи почнала да вика по нејзиниот син, иако тој не бил таму. Го познавала од претходно, знаела кој е, кога среде ноќ влегол кај неа дома.

-Беше околу 1 часот ноќта, јас станав и го видов Трајко кој стоеше во ходничето и го прашав кој те пушти, тој молчеше, трет пат кога го прашав, тргна да ме дави. Ме турна на земја со неговите две нозе, јас почнав да викам по син ми Јоване, Јоване и во тој момент ме пушти и побегна. Бев во несвест до сабајлето.- Слоботка Арсовска

За разлика од првото рочиште, сега Бојковски не гледаше во таванот и одговараше нормално, одби лично да им постави прашање на жените кои сведочеа. На следното рочиште, на барање на адвокатот Тони Цветковски кој му е доделен на обвинетиот по службена должност, ќе сведочат психијатриските вештаци.

Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства, а за дел од случаите насилната природа на смртта се докажуваше со ексхумација на телата откако претходно жртвите биле закопани како да починале од природна смрт. Обвинителството смета дека главниот мотив за убиствата е некрофилија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

Министерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото.

На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка.

Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија.

На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер