Фрчкоски повикан на консултации во МНР, дали ќе биде отповикан од ОН во Њујорк? - Канал 5

Фрчкоски повикан на консултации во МНР, дали ќе биде отповикан од ОН во Њујорк?

По амбасадорот во Италија Весел Мемеди, уште еден допломат се враќа на косултации во Скопје.

Фрчкоски повикан на консултации во МНР, дали ќе биде отповикан од ОН во Њујорк?

Канал 5 дознава дека и македонскиот амбасадор во Ораганизацијата на обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски бил повикан на консултации во МНР поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки.

Извори од МНР за Канал 5 велат дека причина за неговото враќање освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните - претставништва. Актот за неговото повикување на консултации, според информациите, треба да биде потпишан во текот на денешниот ден.

Од Дипломатски синдикат ги поздравуваат ваквите први чекори на министерот Муцунски во насока на решавање на наталожените проблеми во македонска дипломатија, за кои синдикатот предупредувал со години наназад.

- Македонскиот дипломатски синдикат во континуитет предупредуваше и укажуваше на бројни неправилности а неретко и флагрантни кршења на Законот за надворешни работи но бевме целосно игнорирани од претходните раководства. Го охрабруваме министерот Муцунски и во претстојниот период неселективно да продолжи со анализа на работата на највисоките државни претставници во дипломатијата, и секаде каде што постојат индиции или се утврди прекршување на Законот за надворешни работи, соодветно да постапува во рамките на неговите надлежности, велат од дипломатскиот синдикат.

Канал 5 побара став за евентуалното отповикуавње од амбасадорското место во ОН и од професорот Љубомир Фрчкоски, но тој не беше достапен за одговори. Инаку Фрчкоски амбасадороска позиција во седиштето на Обединетите нации ја извршува веќе две години, а во Њујорк замина со указ потпишан од поранешниот претседател Пендаровски, откако претходно не успеа да добие зелено светло за амбасадорско столче во Вашингтон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Денеска, во 12 часот, претседателот на Народното собрание на Република Србија, Александар Чупиќ, , во централната сала на домот на народното собрание, ќе ги распише изборите за претседател на Република Србија.

Денеска се распишуваат претседателски избори во Србија

Од денот на распишување на изборите до денот на гласањето не може да поминат помалку од 30, ниту повеќе од 60 дена. Со изборот за претседател на парламентот, чупиќ, во согласност со уставот на Србија, ја презеде должноста вршител на должноста претседател на републиката, откако Александар Вучиќ поднесе оставка од таа позиција на 27 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја

По вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, регионалните лидери како и претставниците на ЕУ, со исклучок на Србија, усвоија заедничка декларација.

Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја

Во неа, меѓудругото се наведува дека Преспанскиот договор со Грција како и договорот за за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија мора да се спроведуваат со добра волја. Сè уште се потребни одлучни понатамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, се вели во декларацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно со повремени врнежи од дожд

Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа).

Облачно со повремени врнежи од дожд

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-1 Попова Шапка, 0 Крива Паланка, 1 Прилеп, Берово, Крушево, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тетово, Лазарополе, 3 Штип, Велес, Виница, 4 Кавадарци, Охрид, Претор, 7 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

3 Кавадарци, 1 Пожаране, Лазарополе, Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер