Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение - здравица и славење - Канал 5

Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение - здравица и славење

Катастрофата со загадената вода во Гостивар и ескалирањето на западно-нилската треска во Скопје, се показател за една елементарна целосна неспособност на власта на ВМРО, како на централно, така и на локално ниво.

Фрчкоски: Пет недели Гостивар без вода, ВМРО наместо одговорност и решение - здравица и славење

Катастрофата со загадената вода во Гостивар и ескалирањето на западно-нилската треска во Скопје, се показател за една елементарна целосна неспособност на власта на ВМРО, како на централно, така и на локално ниво, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во гостувањето во „Вести плус“ на телевизија Канал 5.

„Гледате за што зборуваме во 21 век? Гостивар е пет недели без вода, сè уште се чека некаков резултат на хартија, официјален и потпишан, за квалитетот и дозволеноста на водата за пиење, а во Скопје поради непрскање за комарци, има зараза од која што 35 луѓе се заболени, четворица се починати, што е 10% од заразените и 6 луѓе се во тешка здравствена состојба. Буквално елементарна целосна негрижа, незаинтересираност и во едниот и во другиот случај, тотална неспособност да се справат со базичните основни работи - вода, здравје“, рече Фрчкоски.

Во интервјуто Фрчкоски посочи дека додека граѓаните на Гостивар пет недели чекаат безбедна вода за пиење, премиерот и министерот за здравство одат на одмор или научни екскурзии. Тој додаде дека извештајот за безбедноста на водата не го бара СДСМ, туку го бараат граѓаните на Гостивар, бидејќи здравицата со вода пред камерите не може да биде замена за официјален документ.

„Не ние. Граѓаните во Гостивар го бараат, затоа што онаа смешна демонстрација на наздравување со вода на чешма не е доволно убедителна за цел град после 5.000 заболени и 2.000 хоспитализирани одеднаш да верува дека водата е со адекватен квалитет за пиење. Пет недели нема цел град вода за пиење и тоа, замислите, го решаваа со три цистерни. И после одеа по одмори. А институциите меѓу себе се бавеа која е помалку надлежна“, рече Фрчкоски.

Притоа, Фрчкоски нагласи дека граѓаните ќе имаат доверба во безбедноста на водата кога ќе видат официјален и потпишан документ од одговорно лице кое ќе гарантира дека водата е безбедна за пиење.

„Ќе веруваме и ние, и граѓаните на Гостивар, што е најважно, кога ќе видат документ официјален, потпишан од одговорно лице, кој што гарантира дека водата е безбедна за пиење. Оние смешни сцени пред чешма, здравици, не смее на тоа да се сведе институционалниот одговор и решавање на ваков проблем кој што зафати цел еден град“, рече Фрчкоски.

Воедно, Фрчкоски посочи на потребата од одговорност и истрага за начинот на кој институциите го следеа квалитетот на водата, особено по различните наоди во периодот.

„Она што сметам дека треба да биде работа на обвинителството во наредниот период и за која што поднесовме и соодветна кривична пријава, имам впечаток дека голем дел од институциите го камуфлираа тоа што се случувало, затоа што имаше еден период на позитивни извештаи во однос на квалитетот на водата, па одеднаш се отвора предистрага на обвинителството и истите институции кои што го проверувале квалитетот на водата претходно и кажувале дека таа е во ред, одеднаш констатираат дека 20-тина дена наназад водата била небезбедна за пиење - во 21 век за каква власт и за каква одговорност збориме“, рече Фрчкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер