ЕвропаФранс 24: ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за ГренландЗемјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ, јави Франс 24.Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со нови царини за европски земји кои испратија војници во Гренланд доколку територијата „не биде целосно продадена“ на САД. „Тоа не е само трговско прашање - тоа врши огромен, неочекуван притисок врз трансатлантските односи“, изјави раководителот на макро истражувањата на ING Research, Карстен Брзески. Тој процени дека ова е веројатно најтешката ситуација за трансатлантските односи од крајот на Втората светска војна. „Нема победници во трговските војни“, рече тој. Комесарот на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурнe, претходно изјави дека ЕУ има „алатки“ да го одврати Доналд Трамп од наметнување нови царини на земјите кои се противат на анексија на Гренланд од страна на САД. „Гренланд никогаш нема да биде американска. Tаа уцена мора да престане. Мислам дека американската влада прави голема грешка: ја тестира Европа врз основа на два фундаментални принципи на европската интеграција - самоопределувањето на народите и територијалниот суверенитет на земјите-членки на ЕУ“, изјави Сежурнe за радио „Франс Интер“. „Ако не го кажеме тоа јасно, ќе почне трка, и не знам каде ќе заврши оваа желба за моќ и анексија на Гренланд“, истакна Сежурне. Соочени со овој „случај на принуда во училиште“, „имаме алатки на располагање и мора да ги користиме доколку е потребно и ако овие тарифи се потврдат“, рече Сежурне, нагласувајќи ја „потребата за единство“ меѓу Европејците. Во случај на примена на санкции од САД, голем број можни мерки на ЕУ вклучуваат, на пример, забрана за учество на американските компании на европските тендери за јавни набавки, објасни Сежурне. Една од контрамерките што ѝ се достапни на ЕУ е дека ЕУ би можела да активира и пакет дополнителни тарифи од 93 милијарди евра, кои моментално се замрзнати, против САД.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаХаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)Руски дрон го погоди седиштето на безбедносната служба на Украина (SBU) во центарот на Киев, а официјални лица изјавија дека нападот бил директно насочен кон канцеларијата на нејзиниот шеф.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот ја погодил централната зграда на SBU на улицата Володимирска, спроти историската катедрала „Света Софија“ во градот, објави „Дејли меил“. „Дронот бил насочен директно кон канцеларијата на шефот на безбедносната служба во таа зграда“, рече Зеленски по разговорите со вршителот на должноста шеф на SBU, Олександр Поклад. A Russian drone hit Ukraine's SBU headquarters in Kyiv, Zelensky says. pic.twitter.com/ZevaXpLbEV — Open Source Intel (@Osint613) September 4, 2026 Во нападот се повредени пет лица, според градоначалникот на Киев, додека густ црн чад се издигаше од местото на настанот. Зеленски рече дека службите за итни случаи се на местото на настанот. WATCH: The moment a Russian drone struck the central SBU building in the heart of Kyiv. pic.twitter.com/jtdSBRXiog — Clash Report (@clashreport) September 4, 2026 Директниот удар се случил по неколкудневни речиси постојани руски воздушни напади врз украинскиот главен град. Снимки од последиците од нападот беа објавени и на социјалните медиуми.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј СибихаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина. Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право. „Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски. Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир. „Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот. Муцунски ја потврди и подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција. „Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски. Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји. Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БалканПогребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврскиПоранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата. Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07