Штерјова: Величањето воени злосторства на Младиќ е кривично дело – бараме одговорност од Стоилковиќ - пуленот на Мицкоски
1Штерјова: Величањето воени злосторства на Младиќ е кривично дело – бараме одговорност од Стоилковиќ - пуленот на Мицкоски
АвтомобилизамФранкфуртскиот саем веќе не постои, Германците избраа нов град-домаќин Френкфурт му ја препушти организацијата на меѓународниот саем за автомобили на друг град за прв пат од 1951 година.Минхен доби шанса да биде домаќин на германскиот саем, победувајќи ги Берлин и Хамбург во последната трка. Одлуката е донесена по одлуката на германското здружение за автомобилска индустрија (ВДА) да го прекине Саемот за автомобили во Франкфурт на почетокот од оваа година, како резултат на падот на посетитеноста и јавниот интерес, пренесува Car Advice. ВДА тврди дека Минхен како место ќе помогне во рестартирање на меѓународното шоу за автомобили, повикувајќи се на „интелигентните транспортни концепти“ на Минхен и „иновативното транспортно мрежно поврзување“ кои се „одржливи и фокусирани на потребите на луѓето“, како главни фактори што влијаат на оваа одлука. Седиштето на BMW се наоѓа во Минхен, а на Ауди во близина на Инголштат, но овие брендови не се споменати во објавата на ВДА. Преселбата во Минхен ќе значи фундаментална промена во организацијата на шоуто за автомобили, каде во последните години бројот на учесници - производители на автомобили - постојано опаѓа. ВДА наведува дека нуди локација на настани близу центарот на градот Минхен и дека градот „може да се поврзе со модерен изложбен центар преку трансфер трака, што исто така вклучува приоритетни ленти за еколошки возила“. „Покрај настаните во салите, ВДА ќе ја донесе и изложбата на улиците, во градот и, следствено, директно до луѓето“, велат од ВДА. Саемот за автомобили во Минхен ќе започне во 2021 година, ротирајќи се со Парискиот саем на ниво на биенале, како што се случуваше со Саемот во Франкфурт. Точниот датум на одржување сè уште не е објавен. Најавата од ВДА доаѓа само еден ден откако автомобилското шоу во Женева беше откажано, поради страв од ширење на коронавирусот. Откажувањето на саемот за автомобили во Женева доведе до тоа голем број производители на автомобили да се свртат кон презентациите преку интернет, што станува се поголем тренд, додека интересот за учество на ревиите на автомобили опаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСе вери ќерка му на Сталоне, зетот го помина неговиот специјален тест (ФОТО)Софија Сталоне, најстарата ќерка на Силвестер Сталоне, ја објави својата свршувачка со своето момче Мајкл Шиан. Таа ја сподели веста на Инстаграм во петокот, кратко по прославата на својот 30-ти роденден на 27 август. Заедно со серија фотографии на кои се гледа романтичното запросување, таа напиша: „Засекогаш со мојата најдобра пријателка“. На црно-белите фотографии, во преден план е дијамантски прстен, а на една од снимките Мајкл клечи опкружен со бели рози и свеќи. За таа пригода, Софија носеше бела мини фустан, додека нејзиниот вереник носеше лежерна кошула и кремасти панталони. Двојката подоцна позираше пред ноќен градски пејзаж, а Софија покажуваше прстен на левата рака. Запросувањето се случи ноќта пред објавата, што се совпадна со нејзиниот роденден. View this post on Instagram A post shared by Sophia Rose Stallone (@sophiastallone) Реакции на семејството и пријателите Помладите сестри на Софија беа меѓу првите што реагираа. „Јупи, мои најмили луѓе! Плачам! Толку сум среќна, ве сакам обете“, напиша 28-годишната Систин. 24-годишната Скарлет рече дека тие се „најубавиот верен пар“. Таа исто така ѝ честиташе на Парис Хилтон со пораката: „Честитки, љубов моја“. Софија подоцна позираше со своите родители, Силвестер и Џенифер Флавин, а 80-годишниот актер гордо стоеше покрај својата ќерка додека таа го покажуваше вереничкиот прстен. Неговиот благослов е важен чекор, со оглед на тоа што е познат како заштитнички настроен татко кој отсекогаш сериозно го сфаќал љубовниот живот на своите ќерки. View this post on Instagram A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) Тест за зетовци на Сталоне Запознавањето со Слај долго време беше сериозен предизвик за партнерите на неговите ќерки. Кога Софија и Систин беа прашани за нивниот љубовен живот во шоуто „Today“ во 2023 година, Софија се пошегува: „Па, ние сме слободни, па...“. Нејзиниот татко веднаш додаде: „Се надевам дека ќе останат невенчани. Работам на тоа“. Сестрите во неколку наврати открија дека потенцијалните додворувачи едноставно исчезнувале откако ќе го запознаат холивудскиот актер. „Тој е едноставно застрашувачки“, призна Систин, додека Софија сподели дека нивниот татко може да процени дали врската ќе трае само за неколку минути. „Всушност, тој е секогаш во право“, рече Софија за проценките на нејзиниот татко. Сестрите исто така признаа дека нивниот татко понекогаш им пишувал пораки за раскинување. „Им препорачувам на девојките да го замолат својот татко да им напише порака за раскинување, бидејќи мажите најдобро ги познаваат мажите“, објасни Систин во подкастот „Giggly Squad“, додавајќи дека примателите „никогаш не се лутат затоа што некој бил искрен“. Се чини дека Мајкл Шиан успешно го поминал еден од најтешките тестови за идните зетови во Холивуд.Тагови: Силвестер Сталоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Величањето воени злосторства на Младиќ е кривично дело – бараме одговорност од Стоилковиќ - пуленот на МицкоскиНаместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние маме министри во Владата на Мицкоски кои ги величаат воените злосторници како Ратко Младиќ.Ова е дел од поширока агенда, Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Поделбите меѓу граѓаните во општеството, создавањето етнички тензии, навредите на Мицкоски, сето ова е дел од операцијата “Талог“ за која предупредувавме. Но, одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело. И за ова мора да има одговорност. Членот 407-а од Кривичниот законик предвидува одговорност за „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“. Членот 319 од Кривичниот законик го санкционира предизвикувањето или разгорувањето национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост. Законот посебно ја третира и злоупотребата на положбата или овластувањето. Но тука не завршува одговорноста. Членот 20 од Уставот поставува јасна граница за политичките партии којшо директно се однесува на партијата на Стоилковиќ. Програмите и дејствувањата не смеат да бидат насочени кон повикување на воена агресија или разгорување национална, расна или верска омраза и нетрпеливост. Истата црвена линија ја поставува и членот 4 од Законот за политичките партии. Значи, законот постои. Кривичното дело постои. Надлежна институција постои. Што чека Јавното обвинителство? Повик од Мицкоски? Јавното обвинителство мора да постапи за величањето на Ратко Младиќ и да ја утврди одговорноста на Иван Стоилковиќ, неговата партија и Далибор Китановиќ. Стоилковиќ е министер во Владата на Мицкоски и претседател на Демократската партија на Србите. Китановиќ е директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Мицкоски мора да каже дали во неговата Влада има место за функционери кои величаат или оправдуваат осудени воени злосторници или ќе ги повика на политичка одговонрост. Ама Јавното обвинителство мора да си ја заврши работата и кривично да одговараат, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Црна хроникаЛишен од слобода крадец во Тетово, одземеното вратено на сопственичкатаНа 28.08.2026 во 13:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Ц. (27) од Тетово.На 28.08.2026 во 13:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М.Ц. (27) од Тетово, по претходна пријава од 45-годишна жена од с. Ново Село, дека во близина на бензинска пумпа во Тетово, и одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а по документирање на случајот, против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook